Faculty of Civil Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4

Browse

Search Results

Now showing 1 - 10 of 10
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Доверливост на конструкциите
    (Комора на Овластени Архитекти и Овластени Инженери, 2016-12)
    Аранѓеловски Тони
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Анализа на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Најдовска Наташа
    ;
    Аранѓеловски Тони
    Практичната примена на самовградливиот бетон денес е решение за постигнување на висока трајност на армиранобетонските конструкции со подобрување на својствата на свежиот бетон, погуста микроструктура која ги зголемува механичките карактеристики, елиминирајќи ги грешките кои произлегуваат од неправилно вибрирање на бетонот при вградувањето. За постигнување на самовградливост на бетонот најчесто се користат минерални додатоци од типот на варовничка прашина и адитив од типот на суперпластификатор. Варовничката прашина, која се користи за зголемување на отпорноста на сегрегација на самовградливиот бетон е параметар кој заслужува големо внимание при проектирањето на составот на самовградливиот бетон за постигнување не само на својствата на свежиот бетон но и за постигнување на бараните механички карактеристики на самовградливиот бетон. Во статијата се прикажани експерименталните истражувања за проучување на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон класа на јакост C30/37 со додаток на 22%, 30% и 40% варовничка прашина од количеството на прашкасти материјали (цемент и варовничка прашина). Извршени се испитувања на фазите цементна паста и цементен малтер за определување на односот помеѓу волуменот на водата и волуменот на цементот и варовничката прашина и оптималното количество на суперпластификатор. Потоа се испитани својствата на свежиот бетон и испитување на јакост на притисок и модул на еластичност. Од добиените резултати се забележува дека зголемувањето на количество на варовничка прашина поволно влијае на својствата на свежиот самовградлив бетон. Бидејќи варовничката прашина не учествува во процесот на хидратацијата на цементот, односно нема пуцолански својства, зголемувањето на додатокот на варовничка прашина ги намалува механичките карактеристики иако е постигната класата на јакост C30/37.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Анализа на влијанието на цементот врз реолошките својства на самовградливиот бетон - фаза малтер
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Ковачка Анета
    ;
    Абази Сеад
    ;
    Аранѓеловски Тони
    Овој труд се однесува на самовградливиот бетон (SCC). Способноста за самовградливост се постигнува со проектирање на бетонот да поседува соодветни по природа реолошки карактеристики, целосно исполнување на оплатата и обвиткување на арматурата без употреба на надворешни вибратори. Самовградливиот бетон има релативно висока содржина на прашинести материјали (како минерален адитив се употребува варовничка прашина). Самовградливиот бетон за прв пат бил воведен во Јапонија во средината на 1980-ите години. Во Европа, истражувањата и развојот на самовградливиот бетон започнуваат во Шведска, 1990 год. Кај нас во Македонија е употребен во 2013год. при изведба на Телекомуникационата кулана Водно – Скопје. Три главни цели се опфатени во овој труд: 1. Дoбивање на систематски метод за проектирање на составот за малтер потребен за самовградлив бетон кој ќе го олесни проектирањето; 2. Влијание на зголемувањето на количеството на цемент врз својствата на самовградливиот бетон; 3. Анализа на реолошките својства на самовградлив бетон; За определување на својствата во свежа состојба се изведуваат два методи на испитување: Slump-flow метод за испитување на цементна паста и V-funnel метод за испитување на цементен малтер. Резултатите и пресметките добиени од овие методи се искористени за добивање на реолошките својства на малтерот. На експериментален начин ќе биде прикажано влијанието на цементот во малтерот за самовградлив бетон како можност полесно и побрзо да се добие посакуваниот состав. Реологијата е земена во рамките на истражувањето со цел да се опишат својствата на свежиот малтер (влијанието на составот на рецептурата и однесувањето при течење).
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Влијание на летачката пепел врз сулфатната отпорност на цементот
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Хаџиевска Кристина
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Фиданчевска Емилија
    ;
    Владичевска Љупка
    ;
    Поповска Марјана
    Во овој труд се презентирани резултатите од експерименталните истражувања на влијанието на летачката пепел од РЕК Битола врз сулфатната отпорност на лабораториски произведени цементи. За таа цел, најпрво е извршена карактеризација на составните компоненти на цементот: клинкер, гипс и летачка пепел. Лабораториските цементи се приготвени со варирање на количината на летачка пепел како замена за клинкерот. Оваа замена изнесува 0 до 50%, односно направен е чист цемент и цементи со 11%, 20%, 30%, 40% и 50% летачка пепел. Вака приготвените цементи се испитани од аспект на хемиски состав и физичко-механички карактеристики. За утврдување на сулфатната отпорност на лабораториските цементи се користени препораките на Техничкиот комитет за цемент дефинирани во МКТИ CEN/TR 15697 Цемент – Испитување на сулфатна отпорност – Извештај за најнови методи, поточно методата на Koch & Steinegger со мали пробни тела. Од спроведените експериментални истражувања во овој труд може да се заклучи дека цементите со додаток на летачка пепел во поголеми количини (30%, 40% и 50%) покажуваат сулфатна отпорност и дека истите може да се применуват како сулфатно отпорни цементи. При тоа, најдобро однесување во сулфатен раствор покажува цементот со 30% летачка пепел замена за клинкер изразен со коефициентот на сулфатна отпорност Sr кој е еднаков на 1.63 и е поголем од минималната вредност од 0.7 според методата на Koch & Steinegger.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Национални барања за примена на стандардот за квалитет на бетонот МКС EN 206
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Илиевски Златко
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Вељановска Катерина
    ;
    Черепналковска Соња
    Стандардот МКС EN 206 Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност е единствен Европски стандард за производство на бетон и дефинирање на бетонот како градежен производ. Неговата поврзаност со Регулативата за градежни производи 305/2011 според Европската национална легислатива и со Законот за градежни производи 104/2015 на национално ниво го потврдуваат значењето на овој стандард. Поради специфичните разлики и практики кои постојат во примената на технологијата на производството на бетон во земјите на Европска Унија, во стандардот е изработен Анекс М „Преглед на одредби кои важат на лице место на употреба“ составен од 34 одредби во кои треба да се определат националните параметри за примена на стандардот МКС EN 206. Од тие причини во рамките на ИСРСМ при Техничкиот комитет 25 Бетон, производи од бетон и ѕидарија формирана е работна група РГ2 која го изработи македонскиот стандард МКС 1016 во кој ќе се дефинирани барањата за употреба на МКС EN 206. Објавен е во Декември 2018 година. Во статијата прикажани се поважните национални параметри од стандардот МКС 1016 за примена на МКС EN 206 во делот на класите на изложеност, квалитетот на составните материјали, својствата на бетонот, производството на бетон, системот на оцена и потврда на постојаност на својствата на бетонот (сертификација на производот) и анексите во кои се дадени гранулометриски криви на агрегатот за бетон и испитувања на својствата на бетонот за кои нема Европски стандарди за испитување.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Експериментална и аналитичка анализа на АБ елементи изложени на долготраен постојан товар
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Стојкоска Евгенија
    ;
    Доцевска Марија
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Марковски Горан
    Влијанието на собирањето и течењето на бетонот врз однесувањето на армиранобетонските елементи најчесто се проверува преку граничните состојби на употребливост: контрола на напрегањата, пукнатините и деформациите - угибите. Под дејство на постојан долготраен товар, деформациите на елементот во тек на време постепено се зголемуваат при што може да достигнат неколку пати поголема вредност од почетната. Доколку температурата остане константна, прирастот на деформациите во тек на време се должи на собирањето и течењето на бетонот. Со цел да се утврди влијанието на различниот интензитет на долготрајниот постојан товар врз однесувањето на армиранобетонските елементи во тек на време, реализирана е експериментална програма која се состои од изработка и следење на осум армиранобетонски греди и соодветен број пробни тела во лабораториски простор со постојана амбиентална температура и влажност. Седум од гредите товарени се со различен интензитет на товар, при што кај шест од нив во разгледуваниот временски период се појавуваат пукнатини. На една од гредите не е нанесен товар и кај неа се следени само деформациите од собирање на бетонот. Преку експерименталната анализа добиена е слика за однесувањето на армиранобетонските елементи изложени на дејство на долготраен постојан товар со различен интензитет, како и за неговото влијание врз граничните состојби на употребливост. Исто така извршена е и споредба со резултатите добиени со современите аналитички модели во прописите и стандардите.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Методи за определување на динамичкиот коефициент од подвижните товари кај армиранобетонски мостови
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен факултет Скопје, 2019-10)
    Јанев Дејан
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Марковски Горан
    Динамичкиот ефект од подвижните товари кај патните аб. мостови кој се користи при определување на големината на сообраќајните натоварувања најчесто се воведува преку т.н. динамички коефициент. Всушност тој покажува за колку пати се зголемуваат влијанијата добиени од статичкото дејство на товарот. Динамичкиот коефициент зависи од повеќе параметри: распонот на мостот, рапавоста на подлогата, тежината, бројот на оските и брзината на движење на возилата, нивната положба итн. Покрај наведените параметри, интензитетот на динамичкиот коефициент зависи и од применетите методи за негово определување. Предмет на истражување во овој труд е примената на различни методи за определување на динамичкиот коефициент. За таа цел, искористени се резултати од извршени динамички испитувања на мостови со пробно товарење на автопатот Миладиновци - Штип. Како релевантен, одбран е еден карактеристичен објект изработен од претходно напрегнат бетон, со статички систем проста греда и полумонтажен начин на градење. При испитувањето извршено е мерење на угиби преку кои е определен динамичкиот коефициент. За обработка и анализа на измерените сигнали користени се соодветни методи за нивна трансформација и филтрирање. Со обработените резултати извршена е анализа и споредба помеѓу определените вредности на динамичкиот коефициент. Овие анализи овозможуваат да се проучи влијанието од употребата на различна мерна техника и методи за определување на динамичкиот ефект од подвижните товари. Со тоа, направен е обид да се предложи со кои мерни инструменти и методи на определување на динамичкиот коефициент се добиваат поверодостојни резултати за вредноста на истиот.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Пробно товарење на мостовите Б1 и Б5 на автопатот Демир Капија - Смоквица
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Чубриновска Александра
    ;
    Геговски Дејан
    ;
    Коцева Софија
    ;
    Јанев Дејан
    ;
    Наков Дарко
    Пробното товарење на мостовските конструкции согласно нашите стандарди е дел од процесот за предавање на објектот во употреба. Пред почетокот на испитувањето се дефинира програмата за испитување која го опфаќа текот на испитувањето, интензитетот на оптоварувањето, положбата на пробниот товар, диспозицијата на мерните места и мерните инструменти. На делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Kоридорот X, беше спроведено статичко и динамичко испитување на вкупно 12 мостовски конструкции. Во рамките на овој труд се издвоени резултатите од измерените и пресметаните угиби при статичкото испитување на две каратеристични конструкции, мостот Б1(статички систем проста греда) и вијадуктот Б5 (статички систем рамка). За таа цел беа дефинирани и реализирани соодветен број фази на товарење. Статичкото товарење беше спроведено со пробен товар составен од четири (Б1), односно осум (Б5) возила, кои предизвикуваат влијанија од околу 70% од проектните. Во зависност од пристапноста на теренот користени се геодетски мерења и механички угибомери. Измерените угиби се споредени со пресметаните од претходно изготвените нумерички модели, со цел да се провери дали реалното однесување на конструкција одговара со теоретско претпоставеното. Од спроведената компарација, може да се согледа задоволително совпаѓање помеѓу измерените и пресметаните угиби.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Поправка и санација на префабрикувани армиранобетонски портали
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2017-10)
    Наков Дарко
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Јанев Дејан
    Со цел да се утврди вистинската состојба во која се наоѓаат армиранобетонските портали извршени се визуелни прегледи на конструкцијата. Притоа регистрирани и фотографирани се сите оштетувања на сите конструктивни елементи од двата армиранобетонски портали. По извршените испитувања и анализи на конструкцијата се утврди потребата од поправка и санација, а потоа и потребата од превземање на соодветни мерки за поправка и санација на конструктивните елементи со цел да им се возобноват техничките својства кои ќе ги задоволуваат критериумите на носивост и употребливост.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, 2015-10)
    Доцевска Марија
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Марковски Горан
    ;
    Наков Дарко
    Основната цел на овој труд е да се предложи нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи. Поради тоа, анализирани се армиранобетонски греди изложени на различни истории на товарење: краткотраен товар до лом, долготраен постојан товар и променлив товар нанесуван во циклуси на товарење/растоварување. За да се земе во предвид нелинеарното однесување на бетонот, моделот на фиксни пукнатини во повеќе правци е вклучен во анализата. Распоредот на пукнатините и угибот во средина на пресекот добиени нумерички се споредени со експериментални резултати, со цел да се верифицира точноста на предложениот модел.