Влијание на летачката пепел врз сулфатната отпорност на цементот
Date Issued
2019-10
Author(s)
Хаџиевска Кристина
Аранѓеловски Тони
Фиданчевска Емилија
Владичевска Љупка
Поповска Марјана
Abstract
Во овој труд се презентирани резултатите од експерименталните истражувања на влијанието на летачката пепел од РЕК Битола врз сулфатната отпорност на лабораториски произведени цементи. За таа цел, најпрво е извршена карактеризација на составните компоненти на цементот: клинкер, гипс и летачка пепел. Лабораториските цементи се приготвени со варирање на количината на летачка пепел како замена за клинкерот. Оваа замена изнесува 0 до 50%, односно направен е чист цемент и цементи со 11%, 20%, 30%, 40% и 50% летачка пепел. Вака приготвените цементи се испитани од аспект на хемиски состав и физичко-механички карактеристики. За утврдување на сулфатната отпорност на лабораториските цементи се користени препораките на Техничкиот комитет за цемент дефинирани во МКТИ CEN/TR 15697 Цемент – Испитување на сулфатна отпорност – Извештај за најнови методи, поточно методата на Koch & Steinegger со мали пробни тела.
Од спроведените експериментални истражувања во овој труд може да се заклучи дека цементите со додаток на летачка пепел во поголеми количини (30%, 40% и 50%) покажуваат сулфатна отпорност и дека истите може да се применуват како сулфатно отпорни цементи. При тоа, најдобро однесување во сулфатен раствор покажува цементот со 30% летачка пепел замена за клинкер изразен со коефициентот на сулфатна отпорност Sr кој е еднаков на 1.63 и е поголем од минималната вредност од 0.7 според методата на Koch & Steinegger.

Subjects