Корисничко упатство

Во прилог се наоѓа корисничкото упатство за користење на репозиториумот.

Упатство за рачно додавање нова публикација

Забелешка: Процесот на рачно креирање нова публикација подразбира самостојно пополнување на сите информации. Доколку публикацијата веќе има DOI постојан идентификатор (англ. persistent identifier) или е индексирана од поддржан извор, се препорачува нејзино увезување, објаснето во следната глава, подолу.

Откако ќе се најавите на УКИМ репозиториумот кликнете на менито поврзано со вашиот профил (означено со 1) и навигирајте до MyDspace (означено со 2):

Навигација кон MyDspace

Следно, кликнете на копчето за додавање на нов ентитет (означено со 3) и изберете „Publication“ (означено со 4) за да креирате нова публикација:

Избор на нова публикација

Изберете во која колекција сакате да биде додадена публикацијата (видливи се само оние колекции до кои имате пристап. Доколку посакуваната колекција не е видлива, обратете се на https://help.ukim.mk/pomos-repozitorium/):

Избор на колекција за нова публикација

Ќе биде прикажан следниов поглед:

Внесување информации за нова публикација

Тука треба да прикачете датотека/и од публикацијата (означено со 5), да внесете DOI доколку поседувате (означено со 6). Исто така, треба да внесете наслов (означено со 7) и датум на објавување на публикацијата (означено со 8):

Внесување информации за нова публикација

Следно, потребно е да внесете автор/и со помош на „add more“ копчето (означено со 9). Притоа избирате автор и афилијација на авторот:

Внесување информации за автор
Избор на автор од постоечки профили
Избор на афилијација за авторот

Откако ќе ги додадете сите автори, следно треба да го изберете типот на публикацијата (означено со 10):

Избор на тип на публикација
Избор на конкретен тип на публикација

Во следната секција може да внесете библиографски податоци, доколку поседувате.

Може да внесете:

  • Издавач – Издавачот или издавачите на оваа публикација
  • Дел од – Публикацијата во која е вклучена оваа публикација, доколку постои таква

Следните полиња се пополнуваат само доколку публикацијата е дел од друга публикација

  • ISBN/DOI (на контејнерот)
  • Списание или серија – Списанието или серијата каде што е објавена оваа публикација
  • Серија и број на извештај
  • ISSN – ISSN на списанието или серијата доколку не е пронајден во системот
  • Рецензија на – доколку се работи за рецензија

Следните полиња се пополнуваат само доколку публикацијата е рецензија на друга публикација

  • Публикацијата која е предмет на рецензијата
    • ISBN на рецензираната ставка доколку не е пронајден во системот
    • DOI на рецензираната ставка доколку не е пронајден во системот
  • Томот од издавачкиот канал каде што се појавила оваа публикација – доколку постои
  • Број на изданието
  • Почетна страница – страницата каде што започнува оваа публикација
  • Крајна страница – страницата каде што завршува оваа публикација
Дополнителни информации за публикацијата
Дополнителни информации за публикацијата

На крајот е потребно да ја изберете примарната датотека и да ја прифатите лиценцата за прикачување:

Прикачување нова датотека
Прифаќање на лиценцата

Упатство за увезување веќе постоечка публикација од надворешен извор

Забелешка: Доколку вашата публикација има DOI постојан идентификатор или е веќе индексирана во надворешен извор, тогаш процесот на додавање значително е олеснет и повеќето информации може да бидат автоматски преземени.

Откако ќе се најавите на УКИМ репозиториумот кликнете на менито поврзано со вашиот профил (означено со 1) и навигирајте до MyDspace (означено со 2):

Навигација кон MyDspace

Кликнете на копчето за „Import“ (означено со 3) и навигирајте до „Publication“ (означено со 4):

Опција за увезување нова публикација

Ќе го добиете следниот поглед:

Пребарување постоечка публикација

Тука може да пребарувате низ различни извори и по различни критериуми, дадени во следната табела:

ИзворКритериум
CiNiiНаслов на публикација
CrossrefDOI, Автор, Наслов на публикација
DataCiteDOI, Автор, Наслов на публикација
DOIDOI, Автор, Наслов на публикација
ORCIDOrcid ID
PubmedАвтор, Наслов на публикација, PMID

Откако ќе ја пронајдете публикацијата, ќе добиете поглед ист како и при рачното креирање на публикација, но со сите полиња веќе пополнети. Доколку сакате, тука може да направите и рачна промена врз податоците.

Упатство за одобрување поднесена публикација (workflow)

Откако ќе се најавите на УКИМ репозиториумот кликнете на менито поврзано со вашиот профил (означено со 1) и навигирајте до MyDspace (означено со 2):

Навигација кон MyDspace

Од делот „Show“ изберете „Workflow tasks“ (означено со 3):

Избор на Workflow tasks

Со тоа ќе се прикажат сите публикации за кои е потребно одобрување:

Преглед на постоечки публикации за одобрување

Доколку сакате да работите на дадена публикација, потребно е да направите „Claim“ на истата. Може да направите „Claim“ на само една публикација со клик на копчето означено со 5.

Доколку сакате да направите „Claim“ на повеќе публикации одеднаш, потребно е да ги селектирате и да кликнете на копчето “Claim selected” (означено со 4).

Со клик на копчето „View“ (означено со 6) може да ги видите податоците за дадената публикација.

Пример за изгледот на „view“ на некоја публикација:

Преглед на информации за дадена публикација

Откако ќе направите „Claim“ на дадена публикација, ќе добиете можност да спроведете неколку активности врз неа:

Спроведување активности врз публикација

Доколку сакате да ја одобрите публикацијата, потребно е да изберете „Approve“, означено со 7.

Доколку сакате да ја одбиете публикацијата, потребно е да изберете „Reject“, означено со 8, при што, ќе треба да наведете краток коментар за причината за одбивање на публикацијата:

Причина за одбивање на публикацијата

Доколку сакате да направите промена врз податоците за публикацијата, потребно е да изберете „Edit“, означено со 9, при што ќе го добиете истиот поглед како при креирање или увезување на публикација:

Изменување информации поврзани со публикацијата

Доколку сакате да се откажете од публикацијата, потребно е да изберете „Return to pool“, означено со 10. Со тоа, публикацијата повторно ќе биде достапна за некој друг да може да направи „Claim“ врз истата.