Анализа на влијанието на цементот врз реолошките својства на самовградливиот бетон - фаза малтер
Date Issued
2019-10
Author(s)
Ковачка Анета
Абази Сеад
Аранѓеловски Тони
Abstract
Овој труд се однесува на самовградливиот бетон (SCC). Способноста за самовградливост се
постигнува со проектирање на бетонот да поседува соодветни по природа реолошки
карактеристики, целосно исполнување на оплатата и обвиткување на арматурата без употреба на надворешни вибратори. Самовградливиот бетон има релативно висока содржина на прашинести материјали (како минерален адитив се употребува варовничка прашина).
Самовградливиот бетон за прв пат бил воведен во Јапонија во средината на 1980-ите години. Во Европа, истражувањата и развојот на самовградливиот бетон започнуваат во Шведска, 1990 год. Кај нас во Македонија е употребен во 2013год. при изведба на Телекомуникационата кулана Водно – Скопје.
Три главни цели се опфатени во овој труд:
1. Дoбивање на систематски метод за проектирање на составот за малтер потребен за
самовградлив бетон кој ќе го олесни проектирањето;
2. Влијание на зголемувањето на количеството на цемент врз својствата на самовградливиот бетон;
3. Анализа на реолошките својства на самовградлив бетон;
За определување на својствата во свежа состојба се изведуваат два методи на испитување:
Slump-flow метод за испитување на цементна паста и V-funnel метод за испитување на
цементен малтер. Резултатите и пресметките добиени од овие методи се искористени за
добивање на реолошките својства на малтерот.
На експериментален начин ќе биде прикажано влијанието на цементот во малтерот за
самовградлив бетон како можност полесно и побрзо да се добие посакуваниот состав.
Реологијата е земена во рамките на истражувањето со цел да се опишат својствата на свежиот малтер (влијанието на составот на рецептурата и однесувањето при течење).

Subjects