Методи за определување на динамичкиот коефициент од подвижните товари кај армиранобетонски мостови
Date Issued
2019-10
Author(s)
Јанев Дејан
Аранѓеловски Тони
Наков Дарко
Марковски Горан
Abstract
Динамичкиот ефект од подвижните товари кај патните аб. мостови кој се користи при
определување на големината на сообраќајните натоварувања најчесто се воведува преку т.н. динамички коефициент. Всушност тој покажува за колку пати се зголемуваат влијанијата
добиени од статичкото дејство на товарот. Динамичкиот коефициент зависи од повеќе
параметри: распонот на мостот, рапавоста на подлогата, тежината, бројот на оските и брзината на движење на возилата, нивната положба итн. Покрај наведените параметри, интензитетот на динамичкиот коефициент зависи и од применетите методи за негово определување. Предмет на истражување во овој труд е примената на различни методи за определување на динамичкиот коефициент. За таа цел, искористени се резултати од извршени динамички испитувања на мостови со пробно товарење на автопатот Миладиновци - Штип. Како релевантен, одбран е еден карактеристичен објект изработен од претходно напрегнат бетон, со статички систем проста греда и полумонтажен начин на градење. При испитувањето извршено е мерење на угиби преку кои е определен динамичкиот коефициент. За обработка и анализа на измерените сигнали користени се соодветни методи за нивна трансформација и филтрирање. Со обработените резултати извршена е анализа и споредба помеѓу определените вредности на динамичкиот коефициент. Овие анализи овозможуваат да се проучи влијанието од употребата
на различна мерна техника и методи за определување на динамичкиот ефект од подвижните товари. Со тоа, направен е обид да се предложи со кои мерни инструменти и методи на определување на динамичкиот коефициент се добиваат поверодостојни резултати за вредноста на истиот.

Subjects