Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Civil Engineering
  3. Faculty of Civil Engineering: Conference papers
  4. Анализа на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон
Details

Анализа на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон

Date Issued
2019-10
Author(s)
Најдовска Наташа
Аранѓеловски Тони
Abstract
Практичната примена на самовградливиот бетон денес е решение за постигнување на висока трајност на армиранобетонските конструкции со подобрување на својствата на свежиот бетон, погуста микроструктура која ги зголемува механичките карактеристики, елиминирајќи ги грешките кои произлегуваат од неправилно вибрирање на бетонот при вградувањето.
За постигнување на самовградливост на бетонот најчесто се користат минерални додатоци од типот на варовничка прашина и адитив од типот на суперпластификатор. Варовничката
прашина, која се користи за зголемување на отпорноста на сегрегација на самовградливиот
бетон е параметар кој заслужува големо внимание при проектирањето на составот на
самовградливиот бетон за постигнување не само на својствата на свежиот бетон но и за
постигнување на бараните механички карактеристики на самовградливиот бетон.
Во статијата се прикажани експерименталните истражувања за проучување на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон класа на јакост C30/37 со додаток на 22%, 30% и 40% варовничка прашина од количеството на прашкасти материјали (цемент и варовничка прашина). Извршени се испитувања на фазите цементна паста и цементен малтер за определување на односот помеѓу волуменот на водата и волуменот на цементот и варовничката прашина и оптималното количество на суперпластификатор. Потоа се испитани својствата на свежиот бетон и испитување на јакост на притисок и модул на еластичност.
Од добиените резултати се забележува дека зголемувањето на количество на варовничка
прашина поволно влијае на својствата на свежиот самовградлив бетон. Бидејќи варовничката прашина не учествува во процесот на хидратацијата на цементот, односно нема пуцолански својства, зголемувањето на додатокот на варовничка прашина ги намалува механичките карактеристики иако е постигната класата на јакост C30/37.
Subjects

Самовградлив бетон; В...

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify