Национални барања за примена на стандардот за квалитет на бетонот МКС EN 206
Date Issued
2019-10
Author(s)
Аранѓеловски Тони
Илиевски Златко
Наков Дарко
Вељановска Катерина
Черепналковска Соња
Abstract
Стандардот МКС EN 206 Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност е
единствен Европски стандард за производство на бетон и дефинирање на бетонот како
градежен производ. Неговата поврзаност со Регулативата за градежни производи 305/2011
според Европската национална легислатива и со Законот за градежни производи 104/2015 на национално ниво го потврдуваат значењето на овој стандард.
Поради специфичните разлики и практики кои постојат во примената на технологијата на
производството на бетон во земјите на Европска Унија, во стандардот е изработен Анекс М
„Преглед на одредби кои важат на лице место на употреба“ составен од 34 одредби во кои
треба да се определат националните параметри за примена на стандардот МКС EN 206. Од тие причини во рамките на ИСРСМ при Техничкиот комитет 25 Бетон, производи од бетон и
ѕидарија формирана е работна група РГ2 која го изработи македонскиот стандард МКС 1016 во кој ќе се дефинирани барањата за употреба на МКС EN 206. Објавен е во Декември 2018
година.
Во статијата прикажани се поважните национални параметри од стандардот МКС 1016 за
примена на МКС EN 206 во делот на класите на изложеност, квалитетот на составните
материјали, својствата на бетонот, производството на бетон, системот на оцена и потврда на постојаност на својствата на бетонот (сертификација на производот) и анексите во кои се
дадени гранулометриски криви на агрегатот за бетон и испитувања на својствата на бетонот за кои нема Европски стандарди за испитување.

Subjects