Institute for Physics
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/66
Browse
5 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Изучување на распаѓањето на пената кај пивото(Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје , 2023)Ирена Златановска, Илија Јованов, Гоце Геговски, Ламбе БарандовскиПроцесот на таложење на пената од пивото може да се претпостави дека е спонтан процес кој се потчинува на статистичките закони. Ваквиот заклучок можеме да го донесеме сметајќи дека веројатноста за „пукање“ на меурчињата од јаглерод диоксид, е еднаква за сите меурчиња, дека таа не зависи од „староста“ на меурчето и дека откако ќе се создаде пената, надворешните услови имаат константно влијание. Имајќи го сето ова во предвид, може да се изведе експоненцијален закон кој би го опишувал распаѓањето на пената на пивото. Во овој труд се прикажани резултатите од експериментите со кои се потврдува изведениот закон за три различни пива, а и се дискутира можноста за користење на ваквиот експеримент на часовите по физика и математика. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите(Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје , 2023)Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевскит. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат наставниците денес е да одржат активно учество и да ги мотивираат учениците за работа на часот. Пристапот базиран на игра може да биде многу корисен метод за да се постигне оваа цел и да им се овозможи на учениците да преземат одговорност за своето учење, создавајќи на тој начин средина за учење насочена кон учениците. Работејќи во група, учениците разменуваат мислења и заеднички се обидуваат да дојдат до решението или да победат во играта. На овој начин тие се забавуваат во текот на играта, но истовремено и учат, со што се раѓаат и нови идеи. Соработката им помага да го конструираат сопственото знаење и да ги надминат евентуалните пропусти во знаењето. Новина во образовниот процес се т.н. escape room активности, кои може да се применат за било кој предмет и за било која содржина. Escape room пристапот станува сè поприсутен во наставниот процес и буди голем интерес кај наставниците и учениците. Преку вакви активности учениците ги совладуваат концептите на начин кој се разликува од традиционалниот, а тоа создава позитивна атмосфера за учење. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI) дизајнирани се escape room активности на три различни теми: екологија, струјни кола и гасови. Активностите се наменети за едукација на учениците за значењето на природните науки во секојдневниот живот, зголемување на нивната мотивираност за изучување на природните науки и размислување за идна кариера поврзана со СТЕМ, како и за поддршка на сегашните и идните наставници по природни науки во препознавањето на различните димензии/аспекти на разновидноста во класовите. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за гасови(Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје , 2023)Владимир Петрушевски, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Марина Стојановска,Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI) осмислени се експерименти и активности со примена на 5Е моделот. Овие експерименти се однесуваат на гасовите и некои нивни карактеристики. Со оглед на тоа што темата за агрегатни состојби на материјата е присутна во наставните програми по природни науки на сите нивоа на образование, активностите за гасови презентирани во овој труд може да се вклучат при реализација на голем број наставни единици. Опишани се неколку демонстрации за начини на собирање на гасовите (полесни и потешки од воздухот; растворливи и нерастворливи во вода). Понудени се експерименти за: (1) дифузија (азот диоксид, водород и воздух); (2) густина (хелиум, воздух и сулфур хексафлуорид); (3) дувачки инструменти со различни гасови; (4) имплозија на лименка; (5) гас што не поддржува горење; (6) гас што поддржува горење. Гасовите се земаат или од челични контејнери, или се подготвуваат на наједноставниот можен начин (користејќи лесно достапни хемикалии). - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за екологија(Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје , 2023)Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски, Славица Тофиловска, Марина Стојановска.Во овој труд се презентирани активности од областа на екологијата, област, која од една страна, е и актуелна и неопходна за 21. век. Од друга страна, екологијата е една гранка од биологијата, но со оглед на нејзината комплексност и разнообразност (ова се однесува пред сè на поврзаноста на екологијата со многу други научни дисциплини), претставува идеален пример во кој се покажува и поврзаноста на природните науки. Ваквата интердисциплинарност укажува и на неопходна потреба од тимска работа, која се применува и преку различни методски пристапи во поучувањето, меѓу кои спаѓа и 5Е методот. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI), беа дизајнирани активности од екологија во кои може да се види поврзаноста на природните науки, но и нивното значење не само од научен аспект, туку и при примена во секојдневниот живот. Покрај тоа, за дел од активностите се наведени и други теми од наставната програма по биологија, каде прикажаните активности имаат примена. Чекорите во методот 5Е се „блиски“ до чекорите на едно научно истражување, со што научните постапки им се приближуваат на учениците на соодветен начин. На овој начин сметаме дека кај учениците, ќе се поттикне интересот за екологијата, а преку тоа и грижата за животната средина, што е особено важно да се постигне кај помалите ученици, во поглед на создавањето навики за грижа и одржливо искористување на природата, и секако тимската работа, како начин преку кој се доаѓа до споделување мислења, размена на идеи, отстранување на погрешни претстави и изведување правилни заклучоци. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Едноставен експеримент за потврдување на Штефан-Болцмановиот закон(Алексиначка гимназија и Библиотека Вука Караџиќ, Алексинац, 2023)Ирена Златановска, Гоце Геговски, Ламбе Барандовски,Разгледани се неколку едноставни варијанти на веќе познатиот експеримент за потврда на Штефан-Болцмановиот закон користејќи термистор, фоторезистор и мобилен телефон. Вака адаптираниот експеримент може да биде изведен во секое училиште користејќи компоненти и уреди кои се широко достапни.
