Изучување на распаѓањето на пената кај пивото
Date Issued
2023
Author(s)
Ирена Златановска, Илија Јованов, Гоце Геговски, Ламбе Барандовски
Abstract
Процесот на таложење на пената од пивото може да се претпостави дека е спонтан процес кој се потчинува на статистичките закони. Ваквиот заклучок можеме да го донесеме сметајќи дека веројатноста за „пукање“ на меурчињата од јаглерод диоксид, е еднаква за сите меурчиња, дека таа не зависи од „староста“ на меурчето и дека откако ќе се создаде пената, надворешните услови имаат константно влијание. Имајќи го сето ова во предвид, може да се изведе експоненцијален закон кој би го опишувал распаѓањето на пената на пивото. Во овој труд се прикажани резултатите од експериментите со кои се потврдува изведениот закон за три различни пива, а и се дискутира можноста за користење на ваквиот експеримент на часовите по физика и математика.
Subjects
