Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за екологија
Date Issued
2023
Author(s)
Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски, Славица Тофиловска, Марина Стојановска.
Abstract
Во овој труд се презентирани активности од областа на екологијата, област, која од една страна, е и актуелна и неопходна за 21. век. Од друга страна, екологијата е една гранка од биологијата, но со оглед на нејзината комплексност и разнообразност (ова се однесува пред сè на поврзаноста на екологијата со многу други научни дисциплини), претставува идеален пример во кој се покажува и поврзаноста на природните науки. Ваквата интердисциплинарност укажува и на неопходна потреба од тимска работа, која се применува и преку различни методски пристапи во поучувањето, меѓу кои спаѓа и 5Е методот. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI), беа дизајнирани активности од екологија во кои може да се види поврзаноста на природните науки, но и нивното значење не само од научен аспект, туку и при примена во секојдневниот живот. Покрај тоа, за дел од активностите се наведени и други теми од наставната програма по биологија, каде прикажаните активности имаат примена. Чекорите во методот 5Е се „блиски“ до чекорите на едно научно истражување, со што научните постапки им се приближуваат на учениците на соодветен начин. На овој начин сметаме дека кај учениците, ќе се поттикне интересот за екологијата, а преку тоа и грижата за животната средина, што е особено важно да се постигне кај помалите ученици, во поглед на создавањето навики за грижа и одржливо искористување на природата, и секако тимската работа, како начин преку кој се доаѓа до споделување мислења, размена на идеи, отстранување на погрешни претстави и изведување правилни заклучоци.
Subjects
