Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите
Date Issued
2023
Author(s)
Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски
Abstract
т. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат наставниците денес е да одржат активно учество и да ги мотивираат учениците за работа на часот. Пристапот базиран на игра може да биде многу корисен метод за да се постигне оваа цел и да им се овозможи на учениците да преземат одговорност за своето учење, создавајќи на тој начин средина за учење насочена кон учениците. Работејќи во група, учениците разменуваат мислења и заеднички се обидуваат да дојдат до решението или да победат во играта. На овој начин тие се забавуваат во текот на играта, но истовремено и учат, со што се раѓаат и нови идеи. Соработката им помага да го конструираат сопственото знаење и да ги надминат евентуалните пропусти во знаењето. Новина во образовниот процес се т.н. escape room активности, кои може да се применат за било кој предмет и за било која содржина. Escape room пристапот станува сè поприсутен во наставниот процес и буди голем интерес кај наставниците и учениците. Преку вакви активности учениците ги совладуваат концептите на начин кој се разликува од традиционалниот, а тоа создава позитивна атмосфера за учење. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI) дизајнирани се escape room активности на три различни теми: екологија, струјни кола и гасови. Активностите се наменети за едукација на учениците за значењето на природните науки во секојдневниот живот, зголемување на нивната мотивираност за изучување на природните науки и размислување за идна кариера поврзана со СТЕМ, како и за поддршка на сегашните и идните наставници по природни науки во препознавањето на различните димензии/аспекти на разновидноста во класовите.
Subjects
