Iustinianus Primus Faculty of Law

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22

Browse

Search Results

Now showing 1 - 10 of 295
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки : (2025)
    (Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, 2025-12)
    Shapkova Kocevska, Katerina
    ;
    Dimushevska, Elena
    ;
    Chalovska Dimovska, Neda
    Анализата за трошоците за одгледување дете ги разгледува постојните политики за финансиска поддршка на семејствата со деца во Република Северна Македонија и го оценува нивното влијание врз животниот стандард и детската сиромаштија. Анализата укажува дека во Република Северна Македонија недостасува национална проценка на трошоците за одгледување дете и систематизирана податочна база за расходите што домаќинствата ги издвојуваат за децата. Оваа празнина во податоците ја ограничува можноста за креирање политики засновани на докази и доведува до арбитрарност во распределбата на социјалната поддршка.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Роналд Дворкин - правниот филозоф кој ги предизвикува(ше) судиите
    (Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во чест на Проф. д-р Димитар Бајалџиев, 2022)
    Ристова - Астеруд, Каролина
    Трудот прави осврт на животното и правно-филозофското дело на американскиот професор по право, Роналд Дворкин, особено низ призмата на трите основни тези на неговата теорија за правото: тезата за правото како систем на правни правила, правни принципи и правни политики; тезата за постоење „вистински одговор“ на секоја правна ситуација и правен спор заснован на субјективните права; и, тезата за непостоење на судиска дискреција, односно тезата за судиското расудување како правооткривање, а не правосоздавање. Авторката дополнително се осврнува на неговата теорија за правото како „целосност“, односно „интегритет“, како и на неговата теорија за судиското расудување и пресудување како „конструктивно толкување“. Завршно, трудот го анализа значењето и влијанието на Дворкиновата теорија на правото врз современите правно-теоретски и правно-филозофски разбирања за правото, како и врз современото судско правораздавање, вклучително и во рамки на Европската Унија.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Антикорупциско право
    (Мисија на ОБСЕ во Скопје, 2020)
    Давитковски, Борче
    ;
    Лажетиќ, Гордана
    ;
    Павловска-Данева, Ана
    ;
    Илиќ Димоски, Дивна
    ;
    Битраков, Константин
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, 2022)
    Дескоски Тони; Доковски Вангел
    Проучувајќи ја историската генеза на меѓународното приватно право, несомено ќе заклучиме дека својот развој оваа правна гранка го должи пред сѐ на развојот на теориите за решавање на судирот на законите. Статутарните објаснувања на судирот на законите долго време го имаа својот примат кај секој што го проучуваше меѓународното приватно право. Но, со појавата на американската конфликтна револуција, започна новиот пристап кон изучувањето на меѓународното приватно право, насочен кон идентифиување на најтесната поврзаност на односот со правниот поредок кој треба да биде во примена и давање на пошироки овластувања на судиите при креативниот процес на определување на меродавното право. И навистина, американската конфликтна револуција долг временски период го имаше приматот во обликувањето на меѓународното приватно право. Но, со зајакнувањето на легислативната активност на Европската Унија, како и пасивноста на американските теоретичари во последните години, полека на сцената настапува европската конфликтна револуција која го менува изгледот на меѓународното приватно право. Со донесувањето на голем број регулативи со кои Европската Унија во суштина создаде Европско меѓународно приватно право, се чини именувањето на новиот период како европска конфликтна револуција е сосема оправдано. Па така денес, сѐ повеќе се развива нов правец на размислување во теоријата на приватното право, кој има за цел да биде познат како „права“ односно како „анализа на правата“. Овојправец на анализа подразбира да се развие разбирање на приватното право на облигациите, водено пред сѐ или исклучиво од признавање на правата кои ги имаме еден спрема друг. Во овој текст авторите вршат анализа Регулатива на Парламентот и на Советот на Европската Унија бр. 864/2007 за меродавно право за вондоговорната одговорност (Рим II) (во натамошниот текст: Регулатива Рим II), низ призмата на патот на нејзиното донесување и односот со Хашката конференција за меѓународно приватно право. Авторите поаѓаат од хипотезата во услови на зголемена легислативна активност во делот на унифицирање на правилата на меѓународното приватно право во рамките на Европската Унија, се создава вистинско европско меѓународно приватно право, кое врши и директно влијание врз меѓународното приватно право на трети држави. Основната цел на овој труд е да се анализира процесот на создавање на еднообразни правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност. За таа цел, авторите ја анализираат наведената Регулатива и Хашките конвенции кои содржат правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Правни аспекти на вонредната состојба
    (Македонска академија на науките и уметностите, 2021)
    Камбовски, Владо
    ;
    Лажетиќ, Гордана
    ;
    Павловска-Данева, Ана
    ;
    Мујоска Трпевска, Елена
    ;
    Битраков, Константин
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ГРАНИЦИТЕ НА СОЛИДАРНОСТА ВО ЕВРОПА
    (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2025-01-23)
    ;
    Без оглед на идеолошките позиции и теоретската провениенција, се чини дека минималната плата во Европа претставува една од цивилизациските придобивки, длабоко вткаени во европското работно законодавство. Нормирањето на минималната плата во Европа, и особено во Европската Унија, е плод на респектабилната синдикална организираност, како и триумф на принципот на солидарноста и на преовладувачкиот став за оправданоста на државната интервенција на пазарот на работна сила. Покрај економските импликации, нормирањето на минималната плата е под силно влијание и на политичките консидерации во амбиент на изразена доходна нееднаквост, турбулентни демографски и миграциски трендови и анемичен економски раст во Европа. Денес, сите држави членки на ЕУ имаат нормирано модел на минимална плата. Оттука вистинското прашање во Европа не е минимална плата или не, туку колкава минимална плата. Основната цел на трудот е да направи економска и правна анализа на нормирањето на минималната плата, преку проучување на различните нормативни модели во Европа и на посебностите за земјите на различно ниво на економски развој. Специфични истражувачки цели на трудот се: (1) да понуди приказ на различните модели и нормативни решенија во уредувањето на минималната плата во ЕУ и Западен Балкан; (2) да ги процени главните макроекономски предизвици и импликации од различните модели на правно уредување на минималната плата и (3) да понуди препораки за креа- торите на економските политики и на работното законодавство.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Придобивки од примената на алтернативите на затворското казнување
    (Здружение за кривично право и криминологија на Македонија, 2020)
    Мујоска Трпевска, Елена
    ;
    Битраков, Константин
    Прашање што сѐ почесто претставува предмет на интерес во научните трудови од областа на пенологијата и економските науки се придобивките од користењето на алтернативите на казната затвор. Имено, станува збор за обиди да се прикажат (квантифицираат) добивките и трошоците од употребата на казната затвор vis-à-vis алтернативите на законското казнување. Крајната цел, притоа, е да се прикаже дека во дадени ситуации придобивките ќе бидат поголеми доколку судовите изрекуваат алтернативи на казната затвор. Оттаму, со овој труд се настојува да се постават постулатите за понатамошни студии на македонскиот затворски систем од економски аспект. Во текстот најпрво се претставени видовите казни и мерки што ги познава кривичното право во Република Северна Македонија, за потоа да се прикажат начините на кои може да се пресметаат трошоците и придобивките од нив. Освен тоа, во текстот се понудени и компаративни студии за трошоците и добивките поврзани со затворското казнување, односно со употребата на алтернативите на казната затвор. Трудот е напишан со мотив да се привлече вниманието на научната и стручната јавност кон ова исклучително значајно прашање, односно да се поттикнат и други подалекосежни истражувања. Во крајна инстанца, тоа би можело да влијае врз казнената политика во државата.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Меѓународно приватно право (учебник)
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, 2021)
    Дескоски Тони; Доковски Вангел
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната Одговорност – помеѓу потребата и реалноста
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, 2023)
    Дескоски Тони; Доковски Вангел
    Традиционалнo, во доменот на изучување на меѓународното приватно право судирот на законите го зазема централното место. Или, како што истакнува Тодор Џунов, најсуптилен, а истовремено и централен предмет на меѓународното приватно право претставува регулирањето на судирот на законите. Основен проблем на меѓународното приватно право е да се сфатат правните ситуации со меѓународни елементи и да се издвојат од чисто внатрешните, односно да се утврди нивната поврзаност со правните системи на повеќе држави и да се реши проблемот од кој тие системи треба да ги регулираат.1 За да може правилно да се разбере предметот на истражувањето на трудот, основата е да се утврди на кој начин настанува судирот на законите кај вондоговорната одговорност за штета. Од причините за појава на судир на законите кај вондоговорната одговорност произлегуваат и решенијата кои се прифатени за определување меродавно право за овој вид односи.