МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ГРАНИЦИТЕ НА СОЛИДАРНОСТА ВО ЕВРОПА
Journal
ГОДИШНИК НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА ПРОФ. Д-Р ГЗИМЕ СТАРОВА
Date Issued
2025-01-23
Author(s)
Abstract
Без оглед на идеолошките позиции и теоретската провениенција, се чини дека
минималната плата во Европа претставува една од цивилизациските придобивки, длабоко вткаени во европското работно законодавство. Нормирањето на минималната плата во Европа, и особено во Европската Унија, е плод на респектабилната синдикална
организираност, како и триумф на принципот на солидарноста и на преовладувачкиот
став за оправданоста на државната интервенција на пазарот на работна сила. Покрај
економските импликации, нормирањето на минималната плата е под силно влијание
и на политичките консидерации во амбиент на изразена доходна нееднаквост, турбулентни демографски и миграциски трендови и анемичен економски раст во Европа.
Денес, сите држави членки на ЕУ имаат нормирано модел на минимална плата. Оттука
вистинското прашање во Европа не е минимална плата или не, туку колкава минимална
плата. Основната цел на трудот е да направи економска и правна анализа на нормирањето на минималната плата, преку проучување на различните нормативни модели
во Европа и на посебностите за земјите на различно ниво на економски развој. Специфични истражувачки цели на трудот се: (1) да понуди приказ на различните модели и
нормативни решенија во уредувањето на минималната плата во ЕУ и Западен Балкан;
(2) да ги процени главните макроекономски предизвици и импликации од различните
модели на правно уредување на минималната плата и (3) да понуди препораки за креа-
торите на економските политики и на работното законодавство.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Shapkova Kocevska and Stojkov (2025) Minimum wage.pdf
Size
1.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6032d7ec0ab8d7aa3db93b569e0f67b7