Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната Одговорност – помеѓу потребата и реалноста
Date Issued
2023
Author(s)
Дескоски Тони; Доковски Вангел
Abstract
Традиционалнo, во доменот на изучување на меѓународното приватно право судирот на законите го зазема централното место. Или, како што истакнува Тодор Џунов, најсуптилен, а истовремено и централен предмет на меѓународното приватно право претставува регулирањето на судирот на законите. Основен проблем на меѓународното приватно право е да се сфатат правните ситуации со меѓународни елементи и да се издвојат од чисто внатрешните, односно да се утврди нивната поврзаност со правните системи на повеќе држави и да се реши проблемот од кој тие системи треба да ги регулираат.1 За да може правилно да се разбере предметот на истражувањето на трудот, основата е да се утврди на кој начин настанува судирот на законите кај вондоговорната одговорност за штета. Од причините за појава на судир на законите кај вондоговорната одговорност произлегуваат и решенијата кои се прифатени за определување меродавно право за овој вид односи.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Традиционални точки на врзувањето.pdf
Size
773.35 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):22c5272a9c06ab71ca6aecdd51378514
