Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Conference papers
  4. Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета
Details

Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета

Date Issued
2022
Author(s)
Дескоски Тони; Доковски Вангел
Abstract
Проучувајќи ја историската генеза на меѓународното приватно право, несомено ќе заклучиме дека својот развој оваа правна гранка го должи пред сѐ на развојот на теориите за решавање на судирот на законите. Статутарните објаснувања на судирот на законите долго време го имаа својот примат кај секој што го проучуваше меѓународното приватно право. Но, со појавата на американската конфликтна револуција, започна новиот пристап кон изучувањето на меѓународното приватно право, насочен кон идентифиување на најтесната поврзаност на односот со правниот поредок кој треба да биде во примена и давање на пошироки овластувања на судиите при креативниот процес на определување на меродавното право. И навистина, американската конфликтна револуција долг временски период го имаше приматот во обликувањето на меѓународното приватно право. Но, со зајакнувањето на легислативната активност на Европската Унија, како и пасивноста на американските теоретичари во последните години, полека на сцената настапува европската конфликтна револуција која го менува изгледот на меѓународното приватно право. Со донесувањето на голем број регулативи со кои Европската Унија во суштина создаде Европско меѓународно приватно право, се чини именувањето на новиот период како европска конфликтна револуција е сосема оправдано. Па така денес, сѐ повеќе се развива нов правец на размислување во теоријата на приватното право, кој има за цел да биде познат како „права“ односно како „анализа на правата“. Овојправец на анализа подразбира да се развие разбирање на приватното право на облигациите, водено пред сѐ или исклучиво од признавање на правата кои ги имаме еден спрема друг.
Во овој текст авторите вршат анализа Регулатива на Парламентот и на Советот на Европската Унија бр. 864/2007 за меродавно право за вондоговорната одговорност (Рим II) (во натамошниот текст: Регулатива Рим II), низ призмата на патот на нејзиното донесување и односот со Хашката конференција за меѓународно приватно право. Авторите поаѓаат од хипотезата во услови на зголемена легислативна активност во делот на унифицирање на правилата на меѓународното приватно право во рамките на Европската Унија, се создава вистинско европско меѓународно приватно право, кое врши и директно влијание врз меѓународното приватно право на трети држави. Основната цел на овој труд е да се анализира процесот на создавање на еднообразни правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност. За таа цел, авторите ја анализираат наведената Регулатива и Хашките конвенции кои содржат правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност.
Subjects

судир на закони, вонд...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета .pdf

Size

593.73 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):e65ba717037d916a9bc2955242b8059c

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify