Придобивки од примената на алтернативите на затворското казнување
Journal
Македонска ревија за казнено право и криминологија
Date Issued
2020
Author(s)
Мујоска Трпевска, Елена
Битраков, Константин
Abstract
Прашање што сѐ почесто претставува предмет на интерес во научните трудови од областа на пенологијата и економските науки се придобивките од користењето на алтернативите на казната затвор. Имено, станува збор за обиди да се прикажат (квантифицираат) добивките и трошоците од употребата на казната затвор vis-à-vis алтернативите на законското казнување. Крајната цел, притоа, е да се прикаже дека во дадени ситуации придобивките ќе бидат поголеми доколку судовите изрекуваат алтернативи на казната затвор. Оттаму, со овој труд се настојува да се постават постулатите за понатамошни студии на македонскиот затворски систем од економски аспект. Во текстот најпрво се претставени видовите казни и мерки што ги познава кривичното право во Република Северна Македонија, за потоа да се прикажат начините на кои може да се пресметаат трошоците и придобивките од нив. Освен тоа, во текстот се понудени и компаративни студии за трошоците и добивките поврзани со затворското казнување, односно со употребата на алтернативите на казната затвор. Трудот е напишан со мотив да се привлече вниманието на научната и стручната јавност кон ова исклучително значајно прашање, односно да се поттикнат и други подалекосежни истражувања. Во крајна инстанца, тоа би можело да влијае врз казнената политика во државата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
12. 2020_Придобивки од алтернативи на затворско-Мујоска.pdf
Size
862.77 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d4d41d5a5a7ff6e3f6987b4e7fb4b504
