Роналд Дворкин - правниот филозоф кој ги предизвикува(ше) судиите
Date Issued
2022
Author(s)
Ристова - Астеруд, Каролина
Abstract
Трудот прави осврт на животното и правно-филозофското дело на американскиот професор по право, Роналд Дворкин, особено низ призмата на трите
основни тези на неговата теорија за правото: тезата за правото како систем на
правни правила, правни принципи и правни политики; тезата за постоење „вистински одговор“ на секоја правна ситуација и правен спор заснован на субјективните права; и, тезата за непостоење на судиска дискреција, односно тезата за судиското расудување како правооткривање, а не правосоздавање. Авторката дополнително се осврнува на неговата теорија за правото како „целосност“, односно
„интегритет“, како и на неговата теорија за судиското расудување и пресудување
како „конструктивно толкување“. Завршно, трудот го анализа значењето и влијанието на Дворкиновата теорија на правото врз современите правно-теоретски и
правно-филозофски разбирања за правото, како и врз современото судско правораздавање, вклучително и во рамки на Европската Унија.

Subjects