Iustinianus Primus Faculty of Law
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22
Browse
35 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки : (2025)(Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, 2025-12) ;Shapkova Kocevska, Katerina ;Dimushevska, ElenaChalovska Dimovska, NedaАнализата за трошоците за одгледување дете ги разгледува постојните политики за финансиска поддршка на семејствата со деца во Република Северна Македонија и го оценува нивното влијание врз животниот стандард и детската сиромаштија. Анализата укажува дека во Република Северна Македонија недостасува национална проценка на трошоците за одгледување дете и систематизирана податочна база за расходите што домаќинствата ги издвојуваат за децата. Оваа празнина во податоците ја ограничува можноста за креирање политики засновани на докази и доведува до арбитрарност во распределбата на социјалната поддршка. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Смртта недозволива како казна, но дозволива како „терапија“: Правните контроверзи на дведецениското пионерство на Белгија во активната евтаназија(Правен дијалог, бр.29, 2024-06)Ристова - Астеруд, Каролина - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ГРАНИЦИТЕ НА СОЛИДАРНОСТА ВО ЕВРОПА(Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2025-01-23); Без оглед на идеолошките позиции и теоретската провениенција, се чини дека минималната плата во Европа претставува една од цивилизациските придобивки, длабоко вткаени во европското работно законодавство. Нормирањето на минималната плата во Европа, и особено во Европската Унија, е плод на респектабилната синдикална организираност, како и триумф на принципот на солидарноста и на преовладувачкиот став за оправданоста на државната интервенција на пазарот на работна сила. Покрај економските импликации, нормирањето на минималната плата е под силно влијание и на политичките консидерации во амбиент на изразена доходна нееднаквост, турбулентни демографски и миграциски трендови и анемичен економски раст во Европа. Денес, сите држави членки на ЕУ имаат нормирано модел на минимална плата. Оттука вистинското прашање во Европа не е минимална плата или не, туку колкава минимална плата. Основната цел на трудот е да направи економска и правна анализа на нормирањето на минималната плата, преку проучување на различните нормативни модели во Европа и на посебностите за земјите на различно ниво на економски развој. Специфични истражувачки цели на трудот се: (1) да понуди приказ на различните модели и нормативни решенија во уредувањето на минималната плата во ЕУ и Западен Балкан; (2) да ги процени главните макроекономски предизвици и импликации од различните модели на правно уредување на минималната плата и (3) да понуди препораки за креа- торите на економските политики и на работното законодавство. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната Одговорност – помеѓу потребата и реалноста(Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, 2023)Дескоски Тони; Доковски ВангелТрадиционалнo, во доменот на изучување на меѓународното приватно право судирот на законите го зазема централното место. Или, како што истакнува Тодор Џунов, најсуптилен, а истовремено и централен предмет на меѓународното приватно право претставува регулирањето на судирот на законите. Основен проблем на меѓународното приватно право е да се сфатат правните ситуации со меѓународни елементи и да се издвојат од чисто внатрешните, односно да се утврди нивната поврзаност со правните системи на повеќе држави и да се реши проблемот од кој тие системи треба да ги регулираат.1 За да може правилно да се разбере предметот на истражувањето на трудот, основата е да се утврди на кој начин настанува судирот на законите кај вондоговорната одговорност за штета. Од причините за појава на судир на законите кај вондоговорната одговорност произлегуваат и решенијата кои се прифатени за определување меродавно право за овој вид односи. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Молкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елемент(Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, 2025)Дескоски Тони; Доковски ВангелАвтономијa на волјата на страните е доктрина (принцип) за избор на меродавно право, која им дозволува на страните да го изберат правото на одредена држава за да ги уредуваат нивните договорни или вондоговорни обврски кои ги надминуваат гра- ниците на одделните правни системи. Влијанието кое го носи автономијата на волјата на страните во меѓународното приватно право е видливо не само во доктрината која изрично го фаворизира странечкиот избор, туку и во практиката. Очигледно е и во тоа како приватните избори на договорните страни се карактеризираат во учењето за меѓународното приватно право. Во обете – и во доктрината која ја воздигнува авто- номијата на волјата на страните и во доктрината која изразува резерви за нејзиното влијание во меѓународното приватно право, основен постулат е потребата од почи- тување на автономијата на волјата. Подемот на автономијата на волјата на страните во изборот на правото е очигледен. Денес, автономијата на волјата на страните стана неспорната примарна алатка за одредување на меродавното право во делот на дого- ворните односи. Новиот Закон за меѓународно приватно право на Јапонија е само еден од многуте примери. Автономијата на волјата сѐ повеќе се користи во други области од приватното право, како што се деликтите, семејството, наследувањето. Нејзиното основно оправдување повеќе не се доведува во прашање. Оттука, поттикнувањето на хармонизација на правото и соработката меѓу јурисдикциите станува императив за ефективно решавање на прекуграничните спорови. Следствено, молкумниот избор на меродавното право за вондоговорните обврски се потпира на имплицитни намери или контекстуални знаци за одредување на применливата правна рамка. Иако принципите како lex loci delicti commissi нудат насоки, судовите мора да одмерат различни фактори, вклучувајќи ги и автономијата на волјата и прашања од јавен интерес за да обезбедат правични решенија во денешната сложена глобална средина. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Заштитата на работникот како послаба страна кај договор за вработување со странски елемент(Здружение за трудово и социјално право, 2023)Дескоски Тони; Доковски ВангелМожноста за склучување на договор за вработување со странски работодавец или пак за вршење на работата во странство, ја отвори вратата на меѓународ- ното приватно право и во делот на работните односи со странски елемент. Раз- ликите кои постојат помеѓу трудовите законодавства во светот се очигледни и големи. Иако Меѓународната организација на трудот има интензивна активност во насока на хармонизација на правилата на трудовото право, разликите и ната- му се присутни. Притоа, меѓународното приватно право не содржи материјални одредби во делот на регулирање на материјалните права и обврски кај догово- рот за вработување. Тоа и понатаму е дел на трудовото право. Меѓународното приватно право единствено го определува меродавното право за индивидуалните договори за вработување кај кои се јавил странски елемент. ЗМПП предвидува неколку начини за определување на меродавно право за индивидуални договори за вработување. Основното колизионо правило и кај договорите за вработување е автономијата на волјата на страните. Исто така, во делот кај определувањето на меѓународната надлежност, македонскиот закон за меѓународно приватно право пропишува соодветни правила за воспоставување на исклучива меѓународна судска надлежност на судовите на Северна Македонија, под определени услови.Во овој текст авторите ќе извршат анализа на институтите на меѓународното приватно право за заштита на послабата страна, при што посебен акцент ќе се даде на колизионите норми содржани во Меѓународното приватно право на Европската Унија и во македонскиот Закон за меѓународно приватно право. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, СЛУЖБЕНИК ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НАСПРОТИ РАБОТНИК ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: ДИСТИНКЦИИ И ПОТРЕБИ ЗА РЕФОРМИ(Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, 2025) ;Павловска-Данева, АнаБитраков, КонстантинОвој труд, како што сугерира и неговиот наслов, се однесува на дистинкциите помеѓу службеникот и работникот, односно на спецификите на работниот однос на службениците во македонската администрација vis-à-vis работниот однос во приватниот сектор. Крајната цел на оваа споредба е да се дојде до заклучок дали македонскиот службенички систем треба уште повеќе да се одвои од општото работно законодавство, но и да се дадат насоки за таквата претстојна (дополнителна) реформа. Актуелноста на трудот произлегува од приликите во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Македонија) во моментот на неговото пишување. Tокму во овој период во државата се најавени новели на Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работни односи. Од структурна гледна точка, трудот го сочинуваат неколку делови: воведни напомени, преглед на историскиот развој на службеничкиот систем во Македонија, општи напомени за разликите помеѓу службеникот во јавната администрација и работникот во приватниот сектор, поконкретни разлики помеѓу овие две категории од аспект на нивното регрутирање, наградување и унапредување, нивните плати и нивната одговорност наспроти работодавачот и други субјекти. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, „Работата од дома“ и предизиците по даночното право(Правен факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје, 2025)Neshovska Kjoseva, ElenaИако познат и распространет долго пред 2020-тата година, пандемијата COVID-19 го реафирмираше концептот на работа од дома. Во пандемискиот период, владите ширум светот презедоа низа мерки и приспособувања, главно во областа на трудовото и даночното право, со цел заштита на здравјето и безбедноста на нивните граѓани при работа. Но, како што одминува времето, неколку години по завршување на пандемијата, владите, работодавачите и работниците се сѐ повеќе свесни за преминот од традиционалните кон пофлексибилни форми на работа. Придобивките од работата од дома се повеќедимензионални и за двете договор ни страни. Во такви околности, работникот може да направи подобар баланс помеѓу личниот и професионалниот живот, додека работодавачите можат да имаат корист од поголем број таленти кои ќе бидат распределени на различни географски локации, до дека заштедуваат значителни финансиски средства. Несомнено е дека континуираниот пораст на вработени кои работат од дома ќе изврши револуција во начинот на тоа каде, како и кога работат. Во моментов, за даночен третман на работата од дома, даночните власти ја при менуваат постоечката даночна регулатива врз административна основа. Сепак, докол ку владите очекуваат и имаат намера за поттикнување на работата од дома, потребно е актуелните национални и меѓународни даночни правила да ги приспособат на оваа нестандардна форма на работа. Вака, ќе се елиминираат пречките и ограничувањата за овој облик на работен ангажман, од една страна, и ќе се обезбеди и гарантира правна сигурност и предвидливост, како за работниците така и за работодавачите, од друга страна. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Финансово право(Правен факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје, 2024) ;Maksimovska Stojkova, Aleksandra ;Zafiroski, JovanNeshovska Kjoseva, Elena - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Политички систем(Фондација „Фридрих Еберт“, 2023)Тренеска Дескоска, Рената/ Treneska Deskoska, Renata, Трајковска-Христовска, Јелена, Кртолица, Марко
