Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Journal Articles
  4. Молкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елемент
Details

Молкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елемент

Date Issued
2025
Author(s)
Дескоски Тони; Доковски Вангел
Abstract
Автономијa на волјата на страните е доктрина (принцип) за избор на меродавно право, која им дозволува на страните да го изберат правото на одредена држава за да ги уредуваат нивните договорни или вондоговорни обврски кои ги надминуваат гра- ниците на одделните правни системи. Влијанието кое го носи автономијата на волјата на страните во меѓународното приватно право е видливо не само во доктрината која изрично го фаворизира странечкиот избор, туку и во практиката. Очигледно е и во тоа како приватните избори на договорните страни се карактеризираат во учењето за меѓународното приватно право. Во обете – и во доктрината која ја воздигнува авто- номијата на волјата на страните и во доктрината која изразува резерви за нејзиното влијание во меѓународното приватно право, основен постулат е потребата од почи- тување на автономијата на волјата. Подемот на автономијата на волјата на страните во изборот на правото е очигледен. Денес, автономијата на волјата на страните стана неспорната примарна алатка за одредување на меродавното право во делот на дого- ворните односи. Новиот Закон за меѓународно приватно право на Јапонија е само еден од многуте примери. Автономијата на волјата сѐ повеќе се користи во други области од приватното право, како што се деликтите, семејството, наследувањето. Нејзиното основно оправдување повеќе не се доведува во прашање. Оттука, поттикнувањето на хармонизација на правото и соработката меѓу јурисдикциите станува императив за ефективно решавање на прекуграничните спорови. Следствено, молкумниот избор на меродавното право за вондоговорните обврски се потпира на имплицитни намери или контекстуални знаци за одредување на применливата правна рамка. Иако принципите како lex loci delicti commissi нудат насоки, судовите мора да одмерат различни фактори, вклучувајќи ги и автономијата на волјата и прашања од јавен интерес за да обезбедат правични решенија во денешната сложена глобална средина.
Subjects

вондоговорна одговорн...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Молкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елемент pdf.pdf

Size

959.39 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):1b4399e4193327e9b056b46e259b148a

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify