СЛУЖБЕНИК ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НАСПРОТИ РАБОТНИК ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: ДИСТИНКЦИИ И ПОТРЕБИ ЗА РЕФОРМИ
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје во чест на проф. д-р Гзиме Старова, том 63, година 2025
Date Issued
2025
Author(s)
Павловска-Данева, Ана
Битраков, Константин
Abstract
Овој труд, како што сугерира и неговиот наслов, се однесува на дистинкциите помеѓу службеникот и работникот, односно на спецификите на работниот однос на службениците во македонската администрација vis-à-vis работниот однос во приватниот сектор. Крајната цел на оваа споредба е да се дојде до заклучок дали македонскиот службенички систем треба уште повеќе да се одвои од општото работно законодавство, но и да се дадат насоки за таквата претстојна (дополнителна) реформа. Актуелноста на трудот произлегува од приликите во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Македонија) во моментот на неговото пишување. Tокму во овој период во државата се најавени новели на Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работни односи. Од структурна гледна точка, трудот го сочинуваат неколку делови: воведни напомени, преглед на историскиот развој на службеничкиот систем во Македонија, општи напомени за разликите помеѓу службеникот во јавната администрација и работникот во приватниот сектор, поконкретни разлики помеѓу овие две категории од аспект на нивното регрутирање, наградување и унапредување, нивните плати и нивната одговорност наспроти работодавачот и други субјекти.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
godisnik_starova.pdf
Size
1.42 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f1c1db46ba2da383cf00293b3c463c5e
