Faculty of Natural Sciences and Mathematics

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/16

Browse

Search Results

Now showing 1 - 5 of 5
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    (Зло)употреба на националното. Различни перспективи за задачите на „националните“ научни дисциплини во Македонија
    (Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, 2018)
    Ана Ашталковска Гајтаноска
    Научниците од општествените и хуманистичките дисциплини во Македонија генерално се занимаваат со теми ограничени во национални рамки, а уште повеќе тоа е типично за оние дисциплини кои и законски се класифицирани како „национални“. Во македонски контекст ваквата позиција може да предизвика теориско-методолошки недоследности во однос на (зло)употребата на националното. Соодветно на околностите во последните години сè поактуелна станува идејата дека „националните“ дисциплини имаат задача да се грижат, да го чуваат, неретко да го (пре)создаваат и зајакнуваат македонскиот национален идентитет. Областите како на пример фолклорот, традицијата, обичаите, народната култура, религијата, јазикот, историјата, археологијата, културното наследство итн., кои често нудат материјал токму за таа цел, соодветно на оваа карактеристика може да го носат товарот на (зло)употреба на националното. Втората перспектива која се актуелизира во последно време се спротивставува и предупредува на опасноста од (зло)употребата на националното сметајќи повеќе на критиката и преиспитувањето на националното кое лесно станува националистичко. Во тој контекст важно е да започне дебата за евентуелната можност за поставување стандарди особено кога станува збор за образованието на идните истражувачи од „националните“ дисциплини за тоа која е всушност задачата на овие дисциплини и каква треба да биде нивната позиција во однос на овие прашања. Низ призмата на актуелните теориско–методолошки ориентации овие дилеми ќе бидат илустрирани со некои примери од етнологијата и антропологијата за тоа која е всушност „вистинската“ задача на „националните“ дисциплини.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Фолклористички интерпретации за „македонската жена“ (според примери од списанието Македонски фолклор и неговите изданија од 1968 до 1991 година
    (Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, 2019)
    Ана Ашталковска Гајтаноска
    Научните интерпретации од националните дисциплини кои се занимаваат со народната култура во однос на статусот на жените во македонски контекст претставуваат интересен извор за истражување на различните видови идеализации по овие прашања особено во социјалистичкиот период кога овие дисциплини во Македонија се во фазата на етаблирање. Покрај овој значаен фактор, социјалистичкиот период е особено интересен во историска смисла и поради начинот на кој се компензираат Хердеровите насоки во однос на третманот на народната култура, со оние еманципаторските, промовирани од тогашната политичка идеологија во однос на „македонската жена“.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Фолклористички интерпретации за народностите во социјализмот – со посебен осврт на албанската народност
    (Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, 2019)
    Ана Ашталковска Гајтаноска
    Анализата на фолклористичките интерпретации за народностите во социјалистичкиот период, објавувани во списанието „Македонски фолклор“ од 1968 до 1991 година, овозможуваат увид во етаблирањето и еволуцијата на овие дисциплини во Република Македонија по едно важно прашање како што е третманот на „другите“ заедници во рамките на државата. Токму ова прашање ја илустрира врската меѓу науката и политичката идеологија во анализираниот период, по однос на идеолошки соодветните интерпретации, особено за народното творештво на албанската народност кои треба да го отсликуваат југословенското братство и единство. Оваа позиција е целосно спротивна на третманот на народното творештво на македонскиот народ кое се анализира исклучиво во Хердеров манир, како особено важен фактор за македонската национална посебност.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    „Националната припадност на народното творештво“ – по примери од списанието „Македонски фолклор“ и неговите изданија во периодот од 1968 го 1991 година
    (Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје, 2020)
    Ана Ашталковска Гајтаноска
    „Националната припадност на народното творештво“ е наслов инспириран од многубројните трудови во списанието „Македонски фолклор“ што се занимаваат токму со утврдувањето на македонската национална припадност на фолклорот како една од поважните задачи на фолклористиката во Македонија. Главниот интерес во текстот е третманот на фолклорот, односно на народното творештво во југословенскиот период со посебен акцент на идеализираната субјективна, идеолошки и патриотски оптоварена нарација за народното творештво и за неговите носители.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,