Фолклористички интерпретации за народностите во социјализмот – со посебен осврт на албанската народност
Journal
Македонски фолклор, Списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Година XL, Број 76, Скопје 2019, (119-133).
Date Issued
2019
Author(s)
Ана Ашталковска Гајтаноска
Abstract
Анализата на фолклористичките интерпретации за народностите во социјалистичкиот период, објавувани во списанието „Македонски фолклор“ од 1968 до 1991 година, овозможуваат увид во етаблирањето и еволуцијата на овие дисциплини во Република Македонија по едно важно прашање како што е третманот на „другите“ заедници во рамките на државата. Токму ова прашање ја илустрира врската меѓу науката и политичката идеологија во анализираниот период, по однос на идеолошки соодветните интерпретации, особено за народното творештво на албанската народност кои треба да го отсликуваат југословенското братство и единство. Оваа позиција е целосно спротивна на третманот на народното творештво на македонскиот народ кое се анализира исклучиво во Хердеров манир, како особено важен фактор за македонската национална посебност.
Subjects
