Фолклористички интерпретации за „македонската жена“ (според примери од списанието Македонски фолклор и неговите изданија од 1968 до 1991 година
Journal
Македонски фолклор, Списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Година XLI, Број 75, Скопје, 2019 (135-144).
Date Issued
2019
Author(s)
Ана Ашталковска Гајтаноска
Abstract
Научните интерпретации од националните дисциплини кои се занимаваат со народната култура во однос на статусот на жените во македонски контекст претставуваат интересен извор за истражување на различните видови идеализации по овие прашања особено во социјалистичкиот период кога овие дисциплини во Македонија се во фазата на етаблирање. Покрај овој значаен фактор, социјалистичкиот период е особено интересен во историска смисла и поради начинот на кој се компензираат Хердеровите насоки во однос на третманот на народната култура, со оние еманципаторските, промовирани од тогашната политичка идеологија во однос на „македонската жена“.
Subjects
