(Зло)употреба на националното. Различни перспективи за задачите на „националните“ научни дисциплини во Македонија
Journal
Македонски фолклор, Списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Година XL, Број 73, Скопје 2018 (67-80)
Date Issued
2018
Author(s)
Ана Ашталковска Гајтаноска
Abstract
Научниците од општествените и хуманистичките дисциплини во Македонија генерално се занимаваат со теми ограничени во национални рамки, а уште повеќе тоа е типично за оние дисциплини кои и законски се класифицирани како „национални“. Во македонски контекст ваквата позиција може да предизвика теориско-методолошки недоследности во однос на (зло)употребата на националното. Соодветно на околностите во последните години сè поактуелна станува идејата дека „националните“ дисциплини имаат задача да се грижат, да го чуваат, неретко да го (пре)создаваат и зајакнуваат македонскиот национален идентитет. Областите како на пример фолклорот, традицијата, обичаите, народната култура, религијата, јазикот, историјата, археологијата, културното наследство итн., кои често нудат материјал токму за таа цел, соодветно на оваа карактеристика може да го носат товарот на (зло)употреба на националното. Втората перспектива која се актуелизира во последно време се спротивставува и предупредува на опасноста од (зло)употребата на националното сметајќи повеќе на критиката и преиспитувањето на националното кое лесно станува националистичко. Во тој контекст важно е да започне дебата за евентуелната можност за поставување стандарди особено кога станува збор за образованието на идните истражувачи од „националните“ дисциплини за тоа која е всушност задачата на овие дисциплини и каква треба да биде нивната позиција во однос на овие прашања.
Низ призмата на актуелните теориско–методолошки ориентации овие дилеми ќе бидат илустрирани со некои примери од етнологијата и антропологијата за тоа која е всушност „вистинската“ задача на „националните“ дисциплини.
Низ призмата на актуелните теориско–методолошки ориентации овие дилеми ќе бидат илустрирани со некои примери од етнологијата и антропологијата за тоа која е всушност „вистинската“ задача на „националните“ дисциплини.
Subjects
