Faculty of Medicine

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14

Browse

Search Results

Now showing 1 - 8 of 8
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    МИКРОБИОЛОШКА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД ДЕТЕКТИРАНА ESCHERICHIA COLI
    (2023)
    ;
    Ирена Брчина
    ВОВЕД. Во светот во последните години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивидуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката (не)исправност на прехранбените производи според бактеријата Escherichia coli. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани податоци кои се софтверски обработени во посебни програми за земени мостри од прехранбени производи. Земените мостри од прехранбени производи се микробиолошки анализирани според детектиран вид на бактерии. Во трудот аналитички се обработени земените мостри храна според бактеријата Escherichia coli која е детектирана при бактериолошка анализа. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се при@@@@@ 296 мени вкупно 24973 мостри за храна. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Мувли, Еnterobacteriaceae и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на детектирани причинители. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Анализата покажува дека мострите храна кои се анализирани од прехранбени производи според потеклото на мострите се од увоз, од домашно производство, од индустриско производство, од занаетчиско производство и од промет. Процентот на неисправни мостри во кои е детектирана бактеријата Escherichia colli од вкупно извршени 6678 микробиолошки анализи изнесува 0,34%, додека тој процент е нешто повисок кај мострите земени само од занаетчиското производсто и изнесува 0,41%. Ова покажува дека во занаетчиското производство на храна, потребните процедури на HACCP контролните ситем за воведување на добра хигиенска пракса се во тек, но сеуште не се нецелосно имплементирани од страна на менаџерските тимови. ЗАКЛУЧОК. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Детектирањето на бактеријата Escherichia colli укажува на фекална контаминација на храната што значи дека се манипулира со храната во лоши хигиенски услови, со низок степен на лична хигиена.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ЗДРАВСТВЕНА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ПОРАДИ ПРИСУСТВО НА ДЕТЕКТИРАНИ ENTEROBACTERIACEA
    (2023)
    ;
    Ирена Брчина
    ВОВЕД. Enterobacteriacea се главен меѓународен јавно здравствен проблем поради несоодветните опции за третман на пациентите и историски заостанато темпо на развој на нови антимикробни лекови. Несоодветната антимикробна терапија кај луѓето и животните, заедно со зголемената глобална поврзаност, помогната за пренос на инфекции отпорни на лекови, Enterobacteriacea имаат епидемиолошко значење бидејќи истите се сметаат за бактерии индикатори за микробиолошкиот квалитет на храната и хигиенскиот статус на производствениот процес. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже, колку е значајна контролата на безбедност на храната во насока на редовно спроведување на надзор на прехранбените производи кои се од домашно производство особено во занаетчиско производство. Групата бактерии од видот Enterobacteriacea која може да се детектира бактериолошки кај животните, но и кај луѓето има епидемиолошко значење од аспект на здравствените ризици кои се јавуваат поради консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа анализирани се податоци од добиени резултати од микробиолошка анализа на мостри од прехранбени производи во кои се детектирани Enterobacteriacea. Потоа за период од пет години, со анализа на софтверски обработени податоци во соодветни програми е извршена дистрибуција на обележјата според местото на добиениот примерок на храна, вид на детектирани неисправни мостри храна со акцент на бактериите Enterobacteriacea. РЕЗУЛТАТИ. Во петгодишниот период на нашето истражување примени се вкупно 29103 мостри од прехранбени производи за бактериолошка анализа на храната и нејзината безбедност за консумирање од населението. Анализирани се седумнаесет групи бактерии според видовите: Salmonnela SPP, Коагулаза позитивни стафилококи, Сулфиторедукувачки клостридиуми, вид бактерии од Proteus, Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes, Campilobacter SPP., Salmonela grupa C1, Enterobacteriacea, Lactobacilus, Escherichia coli O157:H7, Enterobacter sakazakii, Yersinia enterocolitica и вкупно квасци и мувли. Во вкупниот број на примени мостри храна од домашно производство и увоз детектирани се 0,47% на небезбедни примероци храна. Дистрибуција на најчести бактерии кои се детктирани во неисправните мостри храна се неколку типа на бактерии кои исто така учествуваат со 0,5% во неисправни мостри храна кои во континуитет се појавуваат секоја година во истраѓуваниот период 2016-2020 година како што се: Salmonnela SPP Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes и Enterobacteriacea. Во земени мостри 3743 храна за бактериска анализа на Enterobacteriacea, детектирани се неисправни мостри 1,38%. Оваа група на бактерии најчесто се детектира во млечни производи и производи од месо. Дистрибуцијата на неисправни мостри храна е извршена според местото на производство на прехранбени производи, па така кај неисправните мостри храна од увоз во која е детектирана групата на Enterobacteriacea процентот на неисправност се движи од 0,44% во 2017 година до 0,38% во 2020 година, односно незнатно се намалува. Што се однесува до процентот на неиправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, од домашното производство се движи од 3,65% во 2017 година до 2,04% во 2020 година и тука има незнатно намалување на бројот на неисправните мостри. Покачување на процентот на неисправни мостри од споменатата бактерија се забележува кај прехранбените производи од индустриско производство и истите изнесуваат од 0,49% во 2917 година до 1,36% во 2020 година. Резултатите во дистрибуцијата на неисправните мостри прехранбени производи кои се во групата на домашно занаетчиското производство укажуваат на намалување на процентот на неисправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, односно иако во 2017 година процентот е 14,06%, а во 2020 година изнесува 4,17%, што говори дека квалитетот на прехранбениот производ сеуште не е здравствено безбеден и може да предизвика здравствени последици кај населението. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати може со сигурност да заклучиме дека во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи најчесто е детектирана групата Enterobacteriacea и тоа најчесто поради небезбедно подготвување на храна. Ова значи дека писмените процедури за контрола согласно HACCP контролниот систем доследно не се применуваат и спроведуваат. Од погоре споменатите причини здравствената едукација е неопходно да се спроведува за безбедност на храната особено во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи. Затоа е потребно на операторите на храна да се ораганизираат Обуки за HACCP контролниот систем од стручни лица кои ќе ги едуцираат во целиот ситем на производство и промет на храна.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ЗДРАВСТВЕНИ РИЗИЦИ ОД НЕБЕЗБЕДНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
    (2023)
    ;
    Ирена Брчина
    ВОВЕД. Болестите предизвикани од небезбедна вода за пиење се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Податоците на СЗО говорат дека секоја година околу 500 милиони луѓе заболуваат од болести поврзани со водата за пиење. Околу 20% од светската популација немаат пристап до безбедна вода за пиење. Небезбедна вода за пиење е најголем јавно здравствен проблем на денешницата. Квалитетот на здравствената исправност на водата за пиење ги намалува здравствените ризици од цревни заразни заболувања. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже санитарно-хигиенската состојба на водоснабдување од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори и др.) во мал број на населени места во руралното подрачје на градот Скопје во кој живеат неколку илјади жители сепак користат небезбедна вода за пиење. Поради користење на небезбедна вода за пиење иако е несомнено мал бројот на ова население (неколку илјади) во однос на вкупниот број жители на градот Скопје, сепак постојат здравствени ризици по нивното живеење од аспект на појава на цревни заразни болести. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа, анализирани се софтверски податоци согласно бактериолошките анализи на примени 920 мостри вода од населени места во руралното подрачје на град Скопје и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии. РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период 2012–2017 година во Микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС примени се вкупно 5921 мостри од вода при што е направена дистрибуција на бројот на примени и бактериолошки неисправни мостри вода селектирани според местото на користење и употреба на водата од: ■ населени места кои се приклучени на градски водовод ■ јавни водоснабдителни објекти со кои управува јавно комунално претпријатие. ■ водоснабдителни објекти од сопствен водовод ■ локални водоснабдителни објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци) ■ викенд населби и хотелско-угостителски и туристички објекти кои имаат сопствени водоснабдителени објект ■ работни организации со сопствени водоснабдителени објект ■ водоснабдителни објекти кои имаат посебни својства (минерални, лековити и сл.) ■ останати водоснабдителни објекти (чешми, бунари, извори и др.) Анализите покажуваат дека мострите вода земени од градскиот водовод како и примероците вода земени од градските населби каде се приклучени на градскиот водовод и канализација, не се пронајдени неисправни мостри вода и не се детектирани бактерии во мострите вода, така да водата во Градот Скопје е безбедна за користење и пиење. Во трудот е анализирана и прикажана дистрибуција на мостри вода од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори идр.) во населените места во руралните средини од каде и земени 920 мостри вода за бактериолошко иследување и притоа се детектирани најчести бактерии за загадување на водата како што се: Pseudomonas spp.; Аеробни Мезофилни бактерии; Escherichia coli; Најверојатен број на Колиформни бактерии; Сулфиторедуцирачки клостридиуми; Proteus spp.; Enterococus. Анализата покажа дека вкупниот број на земените примероци вода од населени места во руралните подрачја (извори бунари, чешми) се 30,5% во однос на вкупниот број на земени мостри за градот Скопје, додека процентот на неисправни мостри од руралното подрачје во кои се детектирани бактерии, истите учествуваат со 15,5% во вкупниот број на детектирани неисправни мостри. Во населените места во руралните средини каде не е поставена водоводна мрежа ниту објектите за вода се приклучени на други локални водоводи каде месното население користи вода од други водоснабдителни објекти како на пример (чешми, бунари, извори и др.) детектирани се бактерии во 509 примероци вода. Процентот на неисправните мостри вода е висок и истиот по години се движи од 51,2% во 2012 година до 50,8% во 2017 година. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати од следењето на состојбата на водоснабдителните објекти и квалитетот на вода за пиење во руралните подрачја, може со сигурност да се заклучи дека водоснабдувањето е епидемиолошки несигурно, поради бактериолошка загаденост на водата за пиење. Детектираните бактерии со микробиолошка анализа ни укажуваат дека водата е загадена со бактери кои предизвикува цревни заразни заболувања. Здравствените ризици особено кај највулнерабилните групи од населението во руралните подрачја, оставаат последици по здравјето на населението и затоа е потребен континуиран мониторинг и евалуција за состојбата со водоснабдителните објекти.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА САЛМОНЕЛОЗА
    (2022-05-20)
    ;
    Ирена Брчина
    Абстракт ВОВЕД. Безбедноста на храната е важен принцип во креирањето на здрави навики во исхраната. Миење на рацете, миење на овошјето и зеленчукот, спречувањето на вкрстената контаминација, готвење до безбедни температури во внатрешноста на храната, како и безбедно чување на храната во домашни услови се неколку од најважните принципи за безбедност на храната. Салмонелозата, претставува зооноза која кај човекот се манифестира како акутно инфективно заболување и има последици по здравјето кај населението. Најчести предизивикувачи од нетифоидните салмонелози се Salmonella typhimurium и Salmonella enteritidis. Резервоар и извор на заразатa се животните, а човекот се инфицира со конзумирање на контаминирана храна од животинско потекло. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да го прикаже следењето на микробиолошката (не)исправност на прехранбените производи од салмонела. Бидејќи бактеријата Salmonella spp лесно се размножува во храната без да ги промени органолептичките својства на истата, често пати населението при конзумирање на храната, не ни претпоставуваат дека веќе се затруле со храна. Затоа бактериолошкото следење на салмонелите има превентивна улога за заразните болести кои се пренесуваат со небезбедна храна. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа обработени се и анализирани софтверски податоци за период 2016-2020 година за извршени микробиолошки анализи на примероци (мостри) од храна според детектирани бактерии во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС. 321 РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период од 2016 до 2020 година во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС, анализите според групи на откриени бактерии укажуваат дека Salmonella spp го завзeма првото место од вкупниот број детектирани бактерии. Од вкупниот број 29103 извршени бактериолошки анализи според откриени бактерии, 24,6% се примероци (мостри) храна од увоз додека 75,4% се од домашно производство. Од вкупниот број на примени мостри од промет и домашно производство 64,7% отпаѓаат на занаетчиско производство. Процентот на неисправни мостри во истражуваниот период, според детектираните бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година или вкупно 137 неисправни мостри. Во истражуваниот петгодишен период за бактериолошка анализа на мостри храна според детектираниот број на откриени бактерии, Salmonella spp е детектирана со 24.4%. Од вкупниот број 7094 на детектирани салмонели во мострите храна од увоз отпаѓаат 6,9%, додека 93,1% се од домашно производство. Во вкупниот број на земените мостри за бактериолошко иследување според бактериите во прометот и домашното производство, занаетчиското производство учествува со 69.3%. Процентот на неисправни мостри од Salmonella spp во истражуваниот период е само 3 неисправни мостри или истите се движат од 0.06% во 2016 година до 0.10% во 2020 година. Во прометот и домашното производство се детектирани сите три неисправни мостри или во занаетчиското производство се две неисправни мостри и една мостра во 2016 година од индустриското производство. ЗАКЛУЧОК. Според МКБ 10 Ревизија, во групата на цревните инфективни болести, салмонелниот ентерит како и локализирани салмонелни инфекции (A02) настануваат како резултат на алиментарни труења со салмонела во храната, како инфекција или алиментарна интоксикација предизвикана со било кој тип на Salmonella, освен Salmonella typhy и Salmonella paratyphy. Петгодишната анализа на примени мостри храна за бактериолошко иследување на најчести групи на бактерии кои се појавуваат во небезбедните мостри во анализираниот период, кои се испитуваат во бактериолошката лабораторија во ЦЈЗС, Salmonella spp е на прво место, потоа следуваат Escherichia coli, вкупниот број на видовите Enterobacteriacea, мувли, квсци и други останати бактерии. 322 Процентот на неисправите мостри од споменатата бактерија е незнатен и тоа укажува дека храната која се консумира е безбедна храна за потрошувачите и дека операторите и произвводителите ги запазуваат процедурите на HACCP контролниот систем за безбедност на храната. Клучни зборови: храна, безбедност, бактерии, бактериолошки анализи, салмонела.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ИНДУСТРИСКИ ОТПАДНИ ВОДИ
    (V Международна научно-практическа конференция, 2022-05-20)
    ;
    Ирена Брчина
    Абстракт. Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадувањето на водите земајќи во предвид дека повеќе од 50% од отпадните води доаѓаат од индустриските стопански гранки кои многу често без претходно прочистување ги испуштаат во површинските води по директен или индиректен пат. Отпадните води се оние води кои ги промениле своите карактеристики, односно води кои излегуваат од индустриските капацитети, рудниците, комуналните објекти, земјоделието, тоа се води кои содржат растворени или суспендирани контаминенти кои можат да ги загадат површинските или подземните водни ресурси. Индустриска отпадна вода настанува во фабриките и индустриските погони после употреба на водата во процесот на производство. Основна карактеристика на оваа група отпадни води е големата разновидност во составот. Хигиеноепидемиолошкото значење на водата за пиење е големо и тоа допринесува за здравјето и општата благосотојба на населението при што е неопходно потребно искористената отпадна вода да се отстранува на здравствено-еколошки исправен начин кој ќе придонесе истата да не претставува опасност по здравјето на населението и околината. Болестите предизвикани од водата се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Затоа е потребно да се идентификуваат заедниците во кои постојат проблеми со болести предизвикани од небезбедна вода што бара мерки за интервенција за контрола и превенција на болеста. Преку водата загадена со причинители на заразни болести од кои боледуваат некои животни т.н. зоонози кои може да се пренесат по пат на контактна вода со кожата и лигавиците на човекот, како на пример лептоспирозата, и др. (Water–related diseases), водата може да биде погодна средина за развој на разни ин- 311 секти и други домаќини за некои паразитарни болести како на пример, маларија, шистозомијаза, филаријаза, и др. (Water –associated diseases). Акутните заболувања настануваат како резултат на контаминација на водата за пиење со микрорганизми или контаминација со нитрати, пестициди или други хемикалии. Појавата на инфекции кои се пренесуваат со вода се должи на несоодветна канализација, диспозиција на отпадни материи, распади на оперативниот систем за преработка или загадување при дистрибуција. Целта на овој труд е превенција од одредени заболување кај населенито кое има последици по здравјето на несоодветно третирање на индустриските отпадни води и потребно е да се спроведат мултисекторски процедури вклучувајќи ги повеќето сектори од институциите кои имаат надлежност за настанатиот здравствен проблем. Во земјите со ограничени ресурси, податоците и информациите е потребно да бидат поврзани за специфични болести поврзани со водата и санитацијата за да се предложат конкретни интервенции за водните индустриски системи кои се користат. Клучни зборови:Абстракт. Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадувањето на водите земајќи во предвид дека повеќе од 50% од отпадните води доаѓаат од индустриските стопански гранки кои многу често без претходно прочистување ги испуштаат во површинските води по директен или индиректен пат. Отпадните води се оние води кои ги промениле своите карактеристики, односно води кои излегуваат од индустриските капацитети, рудниците, комуналните објекти, земјоделието, тоа се води кои содржат растворени или суспендирани контаминенти кои можат да ги загадат површинските или подземните водни ресурси. Индустриска отпадна вода настанува во фабриките и индустриските погони после употреба на водата во процесот на производство. Основна карактеристика на оваа група отпадни води е големата разновидност во составот. Хигиеноепидемиолошкото значење на водата за пиење е големо и тоа допринесува за здравјето и општата благосотојба на населението при што е неопходно потребно искористената отпадна вода да се отстранува на здравствено-еколошки исправен начин кој ќе придонесе истата да не претставува опасност по здравјето на населението и околината. Болестите предизвикани од водата се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Затоа е потребно да се идентификуваат заедниците во кои постојат проблеми со болести предизвикани од небезбедна вода што бара мерки за интервенција за контрола и превенција на болеста. Преку водата загадена со причинители на заразни болести од кои боледуваат некои животни т.н. зоонози кои може да се пренесат по пат на контактна вода со кожата и лигавиците на човекот, како на пример лептоспирозата, и др. (Water–related diseases), водата може да биде погодна средина за развој на разни ин- 311 секти и други домаќини за некои паразитарни болести како на пример, маларија, шистозомијаза, филаријаза, и др. (Water –associated diseases). Акутните заболувања настануваат како резултат на контаминација на водата за пиење со микрорганизми или контаминација со нитрати, пестициди или други хемикалии. Појавата на инфекции кои се пренесуваат со вода се должи на несоодветна канализација, диспозиција на отпадни материи, распади на оперативниот систем за преработка или загадување при дистрибуција. Целта на овој труд е превенција од одредени заболување кај населенито кое има последици по здравјето на несоодветно третирање на индустриските отпадни води и потребно е да се спроведат мултисекторски процедури вклучувајќи ги повеќето сектори од институциите кои имаат надлежност за настанатиот здравствен проблем. Во земјите со ограничени ресурси, податоците и информациите е потребно да бидат поврзани за специфични болести поврзани со водата и санитацијата за да се предложат конкретни интервенции за водните индустриски системи кои се користат. Клучни зборови: отпадни води, индустрија, превенција, болести, регулатива.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    HACCP КОНТРОЛЕН СИСТЕМ ВО ФУНКЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
    (2022-05-20)
    ;
    Ирена Брчина
    Абстракт ВОВЕД. Во последните десет години на различни континенти се евидентирни сериозни епидемии со контаминнирана храна. Во сите земји во развој забрзано се воведува системот за производство на безбедна храна познат како ХАСАП контролен систем „Анализа на ризик и критични контролни точки” (Hazard Analysis Critical Control Points). ЦЕЛ. Цел на трудот е да се прикажат знаењата и ставовите на менаџерите и операторите на храна за алиментарни заболувања кои се резултат на (не)спроведување на HACCP контролниот систем во компаниите за производство, обработка, преработка, складирање, транспорт, дистрибуција и продажба на безбедна и нутритивно соодветна храна. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа анализирани се податоци од анкетно истражување за знаења и ставови на менаџерите и операторите на храна за имплементирање на HACCP контролен систем во 36 фирми на 197 испитаници. РЕЗУЛТАТИ. Манаџерите и операторите на храна во компаниите позитивно се произнеле во врска со спроведување на НАССР контролниот системFisher exact p=0.3. Менаџерите и операторите на храна кои се на возраст над 50 години значајно подобро ја познаваат законската регулатива од областа на безбедноста на храна (p=0.002). Возрасната структура на менаџерите и операторите на храна, сигнификантно се разликуваа во однос на знаењата за болестите кои се 301 пренесуваат преку храна (p=0.036), Z=2.1 p=0.036. Половата структура на менаџерите и операторите на храна нема значајно влијание на нивните знаења за видот на процедурите (писмени/усмени) во однос на процедурите за спроведување на НАССР контролниот систем, X2=0.3 df=1 p=0.6). Постои сигнификатната поврзаност за тоа како во компаниите се спроведува интерната контрола за безбедност на храна и спроведувањето на контролата за лична хигиена на вработените, X2=33.4 df=2 p<0.0001. Во истражуваната дистрибуција на испитаници според завршена стручна подготовка на вработените во компаниите, може да заклучиме дека 83,25% од испитаниците се со непрехранбена насокаили образование кое е несоодветно за позициите на нивното работно место, но по завршувањето на Обуките за основно знаење за безбедност на храната, 79.69% од анкетираните имаат познавања за тоа кои заболувања се пренесуваат преку конзумирање на небезбедна храна. ЗАКЛУЧОК. Имплементацијата на стандардите за безбедност на храната во смисол на точно утврдени писмени процедури за спроведување на контролата на храната во фирмите соодвестува со спроведувањето на едукација од јавно здравствени професионалци кои преку едукативни предавања за алиментарни инфекции и токсикоинфекции го менуваат стилот на животот со унапредување на личната хигиена. Клучни зборови: храна, труење, болести, стандарди, менаџери, оператори на храна.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    МИКРОБИОЛОШКА (НЕ) ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД НАЈЧЕСТО ОТКРИЕНИ БАКТЕРИИ ЗА ПЕРИОД 2016-2020
    (2022-05-20)
    ;
    Ирена Брчина
    Абстракт ВОВЕД. Биолошките, хемиските и физичките опасности односно ризиците за безбедна храна се причина за алиментарни труења на луѓето. Во последните десет години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивудуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката исправност на прехранбените производи. Болестите кои се поврзани со консумирање на небезбедна храна од присуство на микроорганизми (бактерии, вируси, фунги, приони, паразити и др.) истите имаат способност да живеат во човекот и да произведуваат 294 токсини (отрови). За тоа е потребно континуирано следење на исправност на храната од здравствен аспект. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа анализирани се софтверски податоци за бактериолошките анализи на земени мостри од прехранбени производи и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии во храната. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се примени вкупно 24973 мостри за храна. По извршена хемиска и бактериолошка анализа неисправноста на мострите се движи од 0,4% во 2016 година до 0,7% во 2020 година. Бактериолошката анализа на 26 подгрупи од прехранбените производи покажа дека мострите храна учествуваат со 29,1% од увоз додека 70,9% се мостри за анализа од домашно производство. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Незначаен пораст на процентот е забележан кај примените мостри на храна од увоз, но исто така и кај мострите од домашно производство. Најголемо зголемување е забележано во 2019 година и процентот изнесува 2,37% неисправни мостри храна од домашно производство. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Еnterobacteriaceae, Мувли и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на регистрираните бактерии. Податоците укажуваат дека споменатите бактерии иако најчесто се откриваат во анализираните мостри на храна, нивниот број рапидно и неколку кратно се намалува во истражуваниот период. Процентот пак на неисправните мостри храна поради бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година и истиот се одржува на исто рамниште. ЗАКЛУЧОК. Бидејќи бројот на примените мостри храна за бактериолошко истражување покажува рапидно намалување скоро за половина, истото се должи на новите конкурентските акредитирани лаборатории кои ги вршат истите анализи. Бидејќи процентот на неисправни мостри од прехранбени производи за бактериолошката анализа покажува дека се одржува континурано ниско, тоа значи дека операторите на храна ги спроведуваат потребните стандарди за 295 добра производствена и хигиенска пракса на прехранбените производи. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Клучни зборови: храна, бактерии, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри, болести.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    СЛЕДЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И НАЈЧЕСТА ТАРГЕТ ГРУПА НА ЗАСТАПЕНОСТ ЗА ПЕРИОД 2016-2020 ГОДИНА
    (2022-05-20)
    ;
    Ирена Брчина
    Абстракт ВОВЕД. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. Контролата на квалитетот на храната преку редовно следење на хемиската и бактериолошката анализа на мострите од храна обезбедува безбедна храна за консумирање од здравствен аспект кај населението. ЦЕЛ. Цел на трудот е да се прикаже континуираното следење на параметрите за безбедна храна на населението од акредитирани лаборатории во ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани тестирани мостри од храна, прехранбени производи чии примени мостри се анализирани со хемиски и бактериолошки анализи. За користените подато- 285 ци од лабораториите се земени годишни извештаи за работа кои се софтверски обработени во соодветни програми. РЕЗУЛТАТИ. Во испитуваниот период од 2016 година до 2020 година примени и анализирани се 24973 мостри за храна според соодветни правилници за истите и анализирани со хемиски анализи за пестициди, тешки метали, микотоксини, квалитет и други хемиски анализи, но исто така извршени се и бактериолошки анализи. Анализирани се мостри за храна 59,1% од увоз, но и 40,9% се мостри храна од домашно производство. Анализиран е низок процент на неисправни мостри од прехранбени произвоиди и истиот се движи од 0,39% во 2016 година до 1,52% во 2019 година и 0,70% во 2020 година. Процентот на неисправни мостри од увоз се движи од 0,16% во 2016 година до 0,22% во 2020 година. Процентот на неисправните мостри од домашно производство е незнатно повисок во однос на испитуваните мостри од увоз и истите се движат од 1,16% во 2016 година до 1,24% во 2020 година поради бактериолошка неисправност. Во анализираната група од прехранбени производи групата на жита и брашна е најзастапена. Анализата покажа дека приемот на мостри од брашно го следи трендот на намалување на примените мостри од сите прехранбени производи поради активно учесто на пазарот од други акредитирани лаборатории кои ги работат истите лабораториски анализи. Зголемувањето на неисправните мостри од брашно според детектирани бактерии при микробиолошки анализи е незначајно, но започнувајќи од 2018 година, процентот од 1,03 се зголемува во наредните години и во 2020 година изнесува 2,18%. ЗАКЛУЧОК. Евидентно е дека животната средина ги рефлектира условите за производство, складирање, транспорт и употребата на финалниот производ. Во услови на кризи неопходно е континуирано следење на безбедноста на храната со едукација на операторите за храна за спроведување и навремено откривање на критични контролни точки во процесот на HАCCP контролниот систем. Клучни зборови: храна, хемиска, бактериолошка, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри.