Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Conference papers
  4. ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА САЛМОНЕЛОЗА
Details

ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА САЛМОНЕЛОЗА

Date Issued
2022-05-20
Author(s)
Ирена Брчина
Abstract
Абстракт
ВОВЕД. Безбедноста на храната е важен принцип во креирањето на
здрави навики во исхраната. Миење на рацете, миење на овошјето
и зеленчукот, спречувањето на вкрстената контаминација, готвење
до безбедни температури во внатрешноста на храната, како и безбедно чување на храната во домашни услови се неколку од најважните принципи за безбедност на храната. Салмонелозата, претставува
зооноза која кај човекот се манифестира како акутно инфективно
заболување и има последици по здравјето кај населението. Најчести
предизивикувачи од нетифоидните салмонелози се Salmonella
typhimurium и Salmonella enteritidis. Резервоар и извор на заразатa се
животните, а човекот се инфицира со конзумирање на контаминирана храна од животинско потекло.
ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да го прикаже следењето на микробиолошката (не)исправност на прехранбените производи од салмонела. Бидејќи бактеријата Salmonella spp лесно се размножува во храната без да ги промени органолептичките својства на истата, често
пати населението при конзумирање на храната, не ни претпоставуваат дека веќе се затруле со храна. Затоа бактериолошкото следење
на салмонелите има превентивна улога за заразните болести кои се
пренесуваат со небезбедна храна.
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа обработени се и анализирани софтверски податоци за период 2016-2020
година за извршени микробиолошки анализи на примероци (мостри) од храна според детектирани бактерии во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС.

321
РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период од 2016 до 2020 година во
микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС, анализите според групи на откриени бактерии укажуваат дека Salmonella spp го завзeма
првото место од вкупниот број детектирани бактерии. Од вкупниот број 29103 извршени бактериолошки анализи според откриени
бактерии, 24,6% се примероци (мостри) храна од увоз додека 75,4%
се од домашно производство. Од вкупниот број на примени мостри
од промет и домашно производство 64,7% отпаѓаат на занаетчиско
производство. Процентот на неисправни мостри во истражуваниот
период, според детектираните бактерии се движи од 0,37% во 2016
година до 0,48% во 2020 година или вкупно 137 неисправни мостри.
Во истражуваниот петгодишен период за бактериолошка анализа
на мостри храна според детектираниот број на откриени бактерии,
Salmonella spp е детектирана со 24.4%. Од вкупниот број 7094 на детектирани салмонели во мострите храна од увоз отпаѓаат 6,9%, додека 93,1% се од домашно производство. Во вкупниот број на земените
мостри за бактериолошко иследување според бактериите во прометот и домашното производство, занаетчиското производство учествува со 69.3%. Процентот на неисправни мостри од Salmonella spp во
истражуваниот период е само 3 неисправни мостри или истите се
движат од 0.06% во 2016 година до 0.10% во 2020 година. Во прометот и домашното производство се детектирани сите три неисправни
мостри или во занаетчиското производство се две неисправни мостри и една мостра во 2016 година од индустриското производство.
ЗАКЛУЧОК. Според МКБ 10 Ревизија, во групата на цревните инфективни болести, салмонелниот ентерит како и локализирани салмонелни инфекции (A02) настануваат како резултат на алиментарни труења со салмонела во храната, како инфекција или алиментарна интоксикација предизвикана со било кој тип на Salmonella, освен
Salmonella typhy и Salmonella paratyphy.
Петгодишната анализа на примени мостри храна за бактериолошко иследување на најчести групи на бактерии кои се појавуваат во
небезбедните мостри во анализираниот период, кои се испитуваат во бактериолошката лабораторија во ЦЈЗС, Salmonella spp е на
прво место, потоа следуваат Escherichia coli, вкупниот број на видовите Enterobacteriacea, мувли, квсци и други останати бактерии.
322
Процентот на неисправите мостри од споменатата бактерија е незнатен и тоа укажува дека храната која се консумира е безбедна храна
за потрошувачите и дека операторите и произвводителите ги запазуваат процедурите на HACCP контролниот систем за безбедност на
храната.
Клучни зборови: храна, безбедност, бактерии, бактериолошки анализи, салмонела.
Subjects

храна

безбедност

бактерии

бактериолошки анализи...

салмонела

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Konferencia IKONOMICHESKA INTEGRACIA - KORICA final (1).pdf

Size

680.21 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):30c4b3a0a2d954a9a72a4745a11ef992

Loading...
Thumbnail Image
Name

Konferencia IKONOMICHESKA INTEGRACIA - Kniga final.pdf

Size

13.76 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):f016c1ab01f07cc65fb9a7f28e4dd51c

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify