СЛЕДЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И НАЈЧЕСТА ТАРГЕТ ГРУПА НА ЗАСТАПЕНОСТ ЗА ПЕРИОД 2016-2020 ГОДИНА
Date Issued
2022-05-20
Author(s)
Ирена Брчина
Abstract
Абстракт
ВОВЕД. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. Контролата
на квалитетот на храната преку редовно следење на хемиската и бактериолошката анализа на мострите од храна обезбедува безбедна
храна за консумирање од здравствен аспект кај населението.
ЦЕЛ. Цел на трудот е да се прикаже континуираното следење на параметрите за безбедна храна на населението од акредитирани лаборатории во ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје.
МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани тестирани мостри
од храна, прехранбени производи чии примени мостри се анализирани со хемиски и бактериолошки анализи. За користените подато-
285
ци од лабораториите се земени годишни извештаи за работа кои се
софтверски обработени во соодветни програми.
РЕЗУЛТАТИ. Во испитуваниот период од 2016 година до 2020 година примени и анализирани се 24973 мостри за храна според соодветни правилници за истите и анализирани со хемиски анализи
за пестициди, тешки метали, микотоксини, квалитет и други хемиски анализи, но исто така извршени се и бактериолошки анализи.
Анализирани се мостри за храна 59,1% од увоз, но и 40,9% се мостри
храна од домашно производство. Анализиран е низок процент на неисправни мостри од прехранбени произвоиди и истиот се движи од
0,39% во 2016 година до 1,52% во 2019 година и 0,70% во 2020 година.
Процентот на неисправни мостри од увоз се движи од 0,16% во 2016
година до 0,22% во 2020 година. Процентот на неисправните мостри
од домашно производство е незнатно повисок во однос на испитуваните мостри од увоз и истите се движат од 1,16% во 2016 година
до 1,24% во 2020 година поради бактериолошка неисправност. Во
анализираната група од прехранбени производи групата на жита и
брашна е најзастапена. Анализата покажа дека приемот на мостри
од брашно го следи трендот на намалување на примените мостри од
сите прехранбени производи поради активно учесто на пазарот од
други акредитирани лаборатории кои ги работат истите лабораториски анализи. Зголемувањето на неисправните мостри од брашно
според детектирани бактерии при микробиолошки анализи е незначајно, но започнувајќи од 2018 година, процентот од 1,03 се зголемува во наредните години и во 2020 година изнесува 2,18%.
ЗАКЛУЧОК. Евидентно е дека животната средина ги рефлектира
условите за производство, складирање, транспорт и употребата на
финалниот производ. Во услови на кризи неопходно е континуирано следење на безбедноста на храната со едукација на операторите
за храна за спроведување и навремено откривање на критични контролни точки во процесот на HАCCP контролниот систем.
Клучни зборови: храна, хемиска, бактериолошка, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Konferencia IKONOMICHESKA INTEGRACIA - KORICA final (1).pdf
Size
680.21 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):30c4b3a0a2d954a9a72a4745a11ef992
Loading...
Name
Konferencia IKONOMICHESKA INTEGRACIA - Kniga final.pdf
Size
13.76 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f016c1ab01f07cc65fb9a7f28e4dd51c