Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Conference papers
  4. МИКРОБИОЛОШКА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД ДЕТЕКТИРАНА ESCHERICHIA COLI
Details

МИКРОБИОЛОШКА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД ДЕТЕКТИРАНА ESCHERICHIA COLI

Date Issued
2023
Author(s)
Ирена Брчина
Abstract
ВОВЕД. Во светот во последните години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивидуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион.
ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката (не)исправност на прехранбените производи според бактеријата Escherichia coli. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна.
МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани податоци кои се софтверски обработени во посебни програми за земени мостри од прехранбени производи. Земените мостри од прехранбени производи се микробиолошки анализирани според детектиран вид на бактерии. Во трудот аналитички се обработени земените мостри храна според бактеријата Escherichia coli која е детектирана при бактериолошка анализа.
РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се при@@@@@
296
мени вкупно 24973 мостри за храна. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Мувли, Еnterobacteriaceae и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на детектирани причинители. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Анализата покажува дека мострите храна кои се анализирани од прехранбени производи според потеклото на мострите се од увоз, од домашно производство, од индустриско производство, од занаетчиско производство и од промет. Процентот на неисправни мостри во кои е детектирана бактеријата Escherichia colli од вкупно извршени 6678 микробиолошки анализи изнесува 0,34%, додека тој процент е нешто повисок кај мострите земени само од занаетчиското производсто и изнесува 0,41%. Ова покажува дека во занаетчиското производство на храна, потребните процедури на HACCP контролните ситем за воведување на добра хигиенска пракса се во тек, но сеуште не се нецелосно имплементирани од страна на менаџерските тимови.
ЗАКЛУЧОК. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Детектирањето на бактеријата Escherichia colli укажува на фекална контаминација на храната што значи дека се манипулира со храната во лоши хигиенски услови, со низок степен на лична хигиена.
Subjects

храна

мостри

бактериолошка

здравствена исправнос...

безбедност на храна

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Konferencia Sociokulturnite kodove - last 4.09web 2023-07-11 (1).pdf

Size

10.48 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):f6f8c4682dab703d71e15c1c700c7f07

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify