Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
4 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, МИКРОБИОЛОШКА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД ДЕТЕКТИРАНА ESCHERICHIA COLI(2023); Ирена БрчинаВОВЕД. Во светот во последните години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивидуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката (не)исправност на прехранбените производи според бактеријата Escherichia coli. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани податоци кои се софтверски обработени во посебни програми за земени мостри од прехранбени производи. Земените мостри од прехранбени производи се микробиолошки анализирани според детектиран вид на бактерии. Во трудот аналитички се обработени земените мостри храна според бактеријата Escherichia coli која е детектирана при бактериолошка анализа. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се при@@@@@ 296 мени вкупно 24973 мостри за храна. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Мувли, Еnterobacteriaceae и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на детектирани причинители. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Анализата покажува дека мострите храна кои се анализирани од прехранбени производи според потеклото на мострите се од увоз, од домашно производство, од индустриско производство, од занаетчиско производство и од промет. Процентот на неисправни мостри во кои е детектирана бактеријата Escherichia colli од вкупно извршени 6678 микробиолошки анализи изнесува 0,34%, додека тој процент е нешто повисок кај мострите земени само од занаетчиското производсто и изнесува 0,41%. Ова покажува дека во занаетчиското производство на храна, потребните процедури на HACCP контролните ситем за воведување на добра хигиенска пракса се во тек, но сеуште не се нецелосно имплементирани од страна на менаџерските тимови. ЗАКЛУЧОК. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Детектирањето на бактеријата Escherichia colli укажува на фекална контаминација на храната што значи дека се манипулира со храната во лоши хигиенски услови, со низок степен на лична хигиена. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ЗДРАВСТВЕНИ РИЗИЦИ ОД НЕБЕЗБЕДНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ(2023); Ирена БрчинаВОВЕД. Болестите предизвикани од небезбедна вода за пиење се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Податоците на СЗО говорат дека секоја година околу 500 милиони луѓе заболуваат од болести поврзани со водата за пиење. Околу 20% од светската популација немаат пристап до безбедна вода за пиење. Небезбедна вода за пиење е најголем јавно здравствен проблем на денешницата. Квалитетот на здравствената исправност на водата за пиење ги намалува здравствените ризици од цревни заразни заболувања. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже санитарно-хигиенската состојба на водоснабдување од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори и др.) во мал број на населени места во руралното подрачје на градот Скопје во кој живеат неколку илјади жители сепак користат небезбедна вода за пиење. Поради користење на небезбедна вода за пиење иако е несомнено мал бројот на ова население (неколку илјади) во однос на вкупниот број жители на градот Скопје, сепак постојат здравствени ризици по нивното живеење од аспект на појава на цревни заразни болести. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа, анализирани се софтверски податоци согласно бактериолошките анализи на примени 920 мостри вода од населени места во руралното подрачје на град Скопје и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии. РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период 2012–2017 година во Микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС примени се вкупно 5921 мостри од вода при што е направена дистрибуција на бројот на примени и бактериолошки неисправни мостри вода селектирани според местото на користење и употреба на водата од: ■ населени места кои се приклучени на градски водовод ■ јавни водоснабдителни објекти со кои управува јавно комунално претпријатие. ■ водоснабдителни објекти од сопствен водовод ■ локални водоснабдителни објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци) ■ викенд населби и хотелско-угостителски и туристички објекти кои имаат сопствени водоснабдителени објект ■ работни организации со сопствени водоснабдителени објект ■ водоснабдителни објекти кои имаат посебни својства (минерални, лековити и сл.) ■ останати водоснабдителни објекти (чешми, бунари, извори и др.) Анализите покажуваат дека мострите вода земени од градскиот водовод како и примероците вода земени од градските населби каде се приклучени на градскиот водовод и канализација, не се пронајдени неисправни мостри вода и не се детектирани бактерии во мострите вода, така да водата во Градот Скопје е безбедна за користење и пиење. Во трудот е анализирана и прикажана дистрибуција на мостри вода од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори идр.) во населените места во руралните средини од каде и земени 920 мостри вода за бактериолошко иследување и притоа се детектирани најчести бактерии за загадување на водата како што се: Pseudomonas spp.; Аеробни Мезофилни бактерии; Escherichia coli; Најверојатен број на Колиформни бактерии; Сулфиторедуцирачки клостридиуми; Proteus spp.; Enterococus. Анализата покажа дека вкупниот број на земените примероци вода од населени места во руралните подрачја (извори бунари, чешми) се 30,5% во однос на вкупниот број на земени мостри за градот Скопје, додека процентот на неисправни мостри од руралното подрачје во кои се детектирани бактерии, истите учествуваат со 15,5% во вкупниот број на детектирани неисправни мостри. Во населените места во руралните средини каде не е поставена водоводна мрежа ниту објектите за вода се приклучени на други локални водоводи каде месното население користи вода од други водоснабдителни објекти како на пример (чешми, бунари, извори и др.) детектирани се бактерии во 509 примероци вода. Процентот на неисправните мостри вода е висок и истиот по години се движи од 51,2% во 2012 година до 50,8% во 2017 година. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати од следењето на состојбата на водоснабдителните објекти и квалитетот на вода за пиење во руралните подрачја, може со сигурност да се заклучи дека водоснабдувањето е епидемиолошки несигурно, поради бактериолошка загаденост на водата за пиење. Детектираните бактерии со микробиолошка анализа ни укажуваат дека водата е загадена со бактери кои предизвикува цревни заразни заболувања. Здравствените ризици особено кај највулнерабилните групи од населението во руралните подрачја, оставаат последици по здравјето на населението и затоа е потребен континуиран мониторинг и евалуција за состојбата со водоснабдителните објекти. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, МИКРОБИОЛОШКА (НЕ) ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД НАЈЧЕСТО ОТКРИЕНИ БАКТЕРИИ ЗА ПЕРИОД 2016-2020(2022-05-20); Ирена БрчинаАбстракт ВОВЕД. Биолошките, хемиските и физичките опасности односно ризиците за безбедна храна се причина за алиментарни труења на луѓето. Во последните десет години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивудуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката исправност на прехранбените производи. Болестите кои се поврзани со консумирање на небезбедна храна од присуство на микроорганизми (бактерии, вируси, фунги, приони, паразити и др.) истите имаат способност да живеат во човекот и да произведуваат 294 токсини (отрови). За тоа е потребно континуирано следење на исправност на храната од здравствен аспект. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа анализирани се софтверски податоци за бактериолошките анализи на земени мостри од прехранбени производи и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии во храната. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се примени вкупно 24973 мостри за храна. По извршена хемиска и бактериолошка анализа неисправноста на мострите се движи од 0,4% во 2016 година до 0,7% во 2020 година. Бактериолошката анализа на 26 подгрупи од прехранбените производи покажа дека мострите храна учествуваат со 29,1% од увоз додека 70,9% се мостри за анализа од домашно производство. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Незначаен пораст на процентот е забележан кај примените мостри на храна од увоз, но исто така и кај мострите од домашно производство. Најголемо зголемување е забележано во 2019 година и процентот изнесува 2,37% неисправни мостри храна од домашно производство. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Еnterobacteriaceae, Мувли и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на регистрираните бактерии. Податоците укажуваат дека споменатите бактерии иако најчесто се откриваат во анализираните мостри на храна, нивниот број рапидно и неколку кратно се намалува во истражуваниот период. Процентот пак на неисправните мостри храна поради бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година и истиот се одржува на исто рамниште. ЗАКЛУЧОК. Бидејќи бројот на примените мостри храна за бактериолошко истражување покажува рапидно намалување скоро за половина, истото се должи на новите конкурентските акредитирани лаборатории кои ги вршат истите анализи. Бидејќи процентот на неисправни мостри од прехранбени производи за бактериолошката анализа покажува дека се одржува континурано ниско, тоа значи дека операторите на храна ги спроведуваат потребните стандарди за 295 добра производствена и хигиенска пракса на прехранбените производи. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Клучни зборови: храна, бактерии, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри, болести. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, СЛЕДЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И НАЈЧЕСТА ТАРГЕТ ГРУПА НА ЗАСТАПЕНОСТ ЗА ПЕРИОД 2016-2020 ГОДИНА(2022-05-20); Ирена БрчинаАбстракт ВОВЕД. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. Контролата на квалитетот на храната преку редовно следење на хемиската и бактериолошката анализа на мострите од храна обезбедува безбедна храна за консумирање од здравствен аспект кај населението. ЦЕЛ. Цел на трудот е да се прикаже континуираното следење на параметрите за безбедна храна на населението од акредитирани лаборатории во ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани тестирани мостри од храна, прехранбени производи чии примени мостри се анализирани со хемиски и бактериолошки анализи. За користените подато- 285 ци од лабораториите се земени годишни извештаи за работа кои се софтверски обработени во соодветни програми. РЕЗУЛТАТИ. Во испитуваниот период од 2016 година до 2020 година примени и анализирани се 24973 мостри за храна според соодветни правилници за истите и анализирани со хемиски анализи за пестициди, тешки метали, микотоксини, квалитет и други хемиски анализи, но исто така извршени се и бактериолошки анализи. Анализирани се мостри за храна 59,1% од увоз, но и 40,9% се мостри храна од домашно производство. Анализиран е низок процент на неисправни мостри од прехранбени произвоиди и истиот се движи од 0,39% во 2016 година до 1,52% во 2019 година и 0,70% во 2020 година. Процентот на неисправни мостри од увоз се движи од 0,16% во 2016 година до 0,22% во 2020 година. Процентот на неисправните мостри од домашно производство е незнатно повисок во однос на испитуваните мостри од увоз и истите се движат од 1,16% во 2016 година до 1,24% во 2020 година поради бактериолошка неисправност. Во анализираната група од прехранбени производи групата на жита и брашна е најзастапена. Анализата покажа дека приемот на мостри од брашно го следи трендот на намалување на примените мостри од сите прехранбени производи поради активно учесто на пазарот од други акредитирани лаборатории кои ги работат истите лабораториски анализи. Зголемувањето на неисправните мостри од брашно според детектирани бактерии при микробиолошки анализи е незначајно, но започнувајќи од 2018 година, процентот од 1,03 се зголемува во наредните години и во 2020 година изнесува 2,18%. ЗАКЛУЧОК. Евидентно е дека животната средина ги рефлектира условите за производство, складирање, транспорт и употребата на финалниот производ. Во услови на кризи неопходно е континуирано следење на безбедноста на храната со едукација на операторите за храна за спроведување и навремено откривање на критични контролни точки во процесот на HАCCP контролниот систем. Клучни зборови: храна, хемиска, бактериолошка, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри.
