"Blaze Koneski" Faculty of Philology
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/1
Browse
6 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Кон преводот на шпански јазик на романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“(Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, 2019)Михајловиќ-Костадиновска, СањаВо овој труд се осврнуваме на преводот на романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ на шпански јазик потпишан од двајца бугарски преведувачи и го разгледуваме како можен вид индиректен превод. Иако индиректниот превод најчесто се дефинира како превод од еден на друг јазик со посредство на веќе постоечки превод на трет јазик, непостоењето на бугарско издание на македонскиот роман како мост кон шпанското издание и можното преведување со посредство на сроден јазик го прави овој случај специфичен, но сепак сметаме дека треба да се окарактеризира како индиректен превод. Во овој труд укажуваме пред сè на примери на лексичко, семантичко и стилистичко ниво што го „издаваат“ индиректниот превод, односно се анализирани некои решенија што не би се очекувало да ги направат преведувачи што се родени говорители на македонскиот јазик. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, За употребата на минатото определено и минатото неопределено време во преводот на делото „Хроника на една најавена смрт“(Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура., 2019)Михајловиќ-Костадиновска, СањаВо овој труд се осрнуваме на начинот на изразување на евиденцијалноста и можностите за превод на минатите времиња од шпански на македонски јазик, преку примери од преводот на македонски јазик на „Хроника на една најавена смрт“ од Габриел Гарсија Маркес. Најпрво се задржуваме на некои основни употреби на минатото определено и минатото неопределено време и на начините на предавање засведочени или прекажување незасведочени дејства во македонскиот јазик, што во случајот со делото на Маркес се од особена важност, а потоа укажуваме и на други модални употреби, како и на различните толкувања што може да произлезат од изборот на одредено минато време во јазикот-цел. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Неологизмите во романот „Време на тишината“ и можностите за превод на македонски јазик(Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2020)Михајловиќ-Костадиновска, СањаРоманот „Време на тишината“ е еден од стожерните шпански романи на XX век. Неговиот автор, Луис Мартин-Сантос, психијатар по професија, зад себе оставил мал број книжевни дела со оглед на неговата прерана смрт, но овој роман, несомнено ќе го смени текот на шпанската повоена книжевност, потоната во зачмаеноста на социјалниот реализам. Во овој труд нема да се осврнеме на книжевните аспекти на ова дело, кои биле предмет на многубројни проучувања и поради кои Мартин-Сантос го заслужил епитетот „шпанскиот Џојс“, туку делото ќе нè интересира од лингвистички аспект. Покрај различните наративни техники, карактеристични за експерименталниот роман, клучната револуција на овој роман се состои во иновациите на стилистички план: латинизми, англизми, жаргонизми, зборови од медицинската терминологија, иронични и саркастични неологизми. Во нашето истражување ќе се задржиме токму на неологизмите од различен тип во ова дело, со цел да увидиме какви зборообразувачки можности постојат во македонскиот јазик за нивен превод, при што ќе се служиме со македонското издание од 2015 година, но ќе понудиме и наши решенија. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Рецепцијата на генерацијата на 1927-та во Македонија(Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2020) ;Михајловиќ-Костадиновска, СањаПоповски, ИгорВо овој труд ќе се осврнеме на една од најзначајните генерации поети во шпанската книжевност – Генерацијата на 1927-та – и на нејзината рецепција во македонскиот контекст. Откако најпрво ќе направиме што е можно поисцрпен попис на припадниците на оваа Генерација и ќе ја контекстуализираме нивната појава, ќе се задржиме на преведените дела од одделни автори и застапеноста на најпознатите поети во антологиските прикази, при што ќе ја констатираме недвосмислената предност на Федерико Гарсија Лорка, како еден од најзначајните претставници на оваа Генерација и на Рафаел Алберти, кон кого поинтензивно ќе се сврти интересот по добивањето на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Што се однесува на влијанијата врз македонската поезија, највидливи се врските меѓу Лорка и Матеја Матевски, но, секако, и други македонски поети и писатели се инспирирале од трагичната судбина на овој шпански поет и не останале рамнодушни на неговиот врвен поетски глас. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Деконструкција на просторот на домот во современата миграциска книжевност на македонски јазик(Српска академија наука и уметности, 2019)Михајловиќ-Костадиновска, СањаЦелта на овој труд е да ја анализираме категоријата простор, конкретно просторот на домот во два современи македонски романи „Скриена камера“ од Лидија Димковска и „Снегот во Казабланка“ од Кица Б. Колбе. Овие романи би можеле да се подведат под таканаречената миграциска книжевност чиишто чести теми се откорнатоста и невдоменоста на ликовите, и нашата задача ќе биде да укажеме на различните начини на кои двата текста ја создаваат дифузната претстава за домот и како тој повеќе не е сигурна поткрепа за националниот идентитет, ниту е исклучиво женски простор. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Телото и границите на телесноста во „Стаклената граница“ на Карлос Фуентес(Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje, 2018-12-30)Михајловиќ-Костадиновска, Сања„Стаклената граница“, полифоничниот роман на Карлос Фуентес, обработува голем број теми како миграциите, класните разлики, ксенофобијата, корупцијата и деконструира серија лингвистички, социјални, културни и симболички граници, притоа преиспитувајќи ги и самите граници меѓу жанровите. Во овој труд ја продлабочуваме анализата на делото од перспективата на телесноста и телото како појдовна точка од којашто се повлекуваат многу граници: оние што ги наметнува модата, полот, сексуалната определба, оние што произлегуваат од односите на моќ или од привидната слобода на женското тело, оние што стојат меѓу нас и нашето минато, меѓу животот и смртта.
