Кон преводот на шпански јазик на романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“
Journal
Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Date Issued
2019
Author(s)
Михајловиќ-Костадиновска, Сања
Abstract
Во овој труд се осврнуваме на преводот на романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“ на шпански јазик потпишан од двајца бугарски преведувачи и го разгледуваме како можен вид индиректен превод. Иако индиректниот превод најчесто се дефинира како превод од еден на друг јазик со посредство на веќе постоечки превод на трет јазик, непостоењето на бугарско издание на македонскиот роман како мост кон шпанското издание и можното преведување со посредство на сроден јазик го прави овој случај специфичен, но сепак сметаме дека треба да се окарактеризира како индиректен превод. Во овој труд укажуваме пред сè на примери на лексичко, семантичко и стилистичко ниво што го „издаваат“ индиректниот превод, односно се анализирани некои решенија што не би се очекувало да ги направат преведувачи што се родени говорители на македонскиот јазик.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
КОН ПРЕВОДОТ НА ШПАНСКИ ЈАЗИК НА РОМАНОТ СЕСТРАТА НА СИГМУНД ФРОЈД.pdf
Size
362.37 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4eb2118132baaa910ad217563aeef0cc
