Неологизмите во романот „Време на тишината“ и можностите за превод на македонски јазик
Date Issued
2020
Author(s)
Михајловиќ-Костадиновска, Сања
Abstract
Романот „Време на тишината“ е еден од стожерните шпански романи на XX век. Неговиот автор, Луис Мартин-Сантос, психијатар по професија, зад себе оставил мал број книжевни дела со оглед на неговата прерана смрт, но овој роман, несомнено ќе го смени текот на шпанската повоена книжевност, потоната во зачмаеноста на социјалниот реализам. Во овој труд нема да се осврнеме на книжевните аспекти на ова дело, кои биле предмет на многубројни проучувања и поради кои Мартин-Сантос го заслужил епитетот „шпанскиот Џојс“, туку делото ќе нè интересира од лингвистички аспект. Покрај различните наративни техники, карактеристични за експерименталниот роман, клучната револуција на овој роман се состои во иновациите на стилистички план: латинизми, англизми, жаргонизми, зборови од медицинската терминологија, иронични и саркастични неологизми. Во нашето истражување ќе се задржиме токму на неологизмите од различен тип во ова дело, со цел да увидиме какви зборообразувачки можности постојат во македонскиот јазик за нивен превод, при што ќе се служиме со македонското издание од 2015 година, но ќе понудиме и наши решенија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Неологизмите во романот „Време на тишината“ .pdf
Size
386.64 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9ea09738d629a15faadbf2f3e44022e9
