Влијанието на менаџментот на работниот капитал врз профитабилност на компаниите: осврт врз компаниите во Република Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Работниот капитал на компанијата има големо учество во вкупните средства и затоа ефикасниот менаџментот со работниот капитал има значајно влијание врз профитабилноста на компанијата. Во овој труд во фокусот на истражувањето е влијанието на одделните компоненти од работниот капитал врз профитабилноста на компаниите. Истражувањето е направено на примерок од триесет и две компании, котирани на Македонската берза на хартии од вредност. Истражувањето опфаќа период од десет години (2006 - 2015 година) со примена на панел регресиона анализа. Основните заклучоци до кои се дојде во истражувањето се дека: (1) постои статистички значајна негативна врска помеѓу периодот на наплата на побарувањата од купувачите и бруто оперативната добивка. Тоа значи дека попрофитабилните компании во пократок период ги наплатуваат своите побарувања од купувачите; (2) постои статистички значајна негативна врска помеѓу периодот на конверзија на залихите и бруто оперативната добивка. Ова значи дека компаниите кои држат помал обем на залихи имаат помал обем на трошоци и поголема профитабилност; (3) постои статистички значајна позитивна врска помеѓу периодот на исплата на обврските кон добавувачите и профитабилноста. Добиениот резултат е конзистентен со основното правило во менаџментот на работниот капитал дека фирмите треба да настојуваат да ги одложуваат нивните плаќања кон кредиторите колку што е можно повеќе, водејќи сметка да не ги доведат во прашање добрите деловни односи со нив.
Subjects
