Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31527
Наслов: Согледувањата за развојот на македонскиот писмен јазик во научниот опус на Људмил Спасов
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: Људмил Спасов, македонистика, историја на македонскиот јазик и литература, дијасистем
Issue Date: 2022
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Согледувањата за развојот на македонскиот писмен јазик во научниот опус на Људмил Спасов. Зборник во чест на проф. д-р Људмил Спасов – по повод 70 години од неговото раѓање. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2022, 69 – 80.
Journal: Зборник во чест на проф. д-р Људмил Спасов – по повод 70 години од неговото раѓање
Abstract: Текстот се занимава со анализа на студијата посветена на Константин М. Петкович, како и на одделни статии од истакнатиот македонист Људмил Спасов. Преку читањето на неговите ставови во контекст на поширокиот македонистички научен корпус, доаѓаме до сознанија за неговата специфична аналитичка постапка, која подразбира следење на културно-историските појави и процеси во контекстот на нивното влијание врз актуелните состојби. Прашањата кои Спасов ги анализира се од исклучително значење како за историјата на македонскиот јазик и литература така и за соодветното поимање на македонистичките студии во пошироката сфера на славистиката. Во неговите проучувања се јасно видливи условите во кои се развивала и се развива македонската јазична и културна посебност, која е речиси постојано во центарот на случувањата, како во науката така и во јавниот живот. Неговото дело е уште една потврда за континуитетот на македонистиката и за нејзиниот исклучителен научен квалитет, кој овозможи да се збогати словенскиот културен свет со гласот кој потекнува од извориштето на словенската култура и традиција.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31527
ISBN: 978-608-234-097-5
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

25
checked on 3.5.2025

Download(s)

3
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.