Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31526
Наслов: Епитафот на Кирил Пејчиновиќ како книжевноисториски и жанровски феномен во истражувањата на Блаже Конески
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: Блаже Конески, епитаф, Кирил Пејчиновиќ, жанр, стил, културен систем
Issue Date: 2022
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Епитафот на Кирил Пејчиновиќ како книжевноисториски и жанровски феномен во истражувањата на Блаже Конески. XLVIII меѓународна конференција на LIV летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 3 – 4 септември 2021 година. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2022, 487 – 497.
Conference: Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 3 – 4 септември 2021 година.
Abstract: Текстот се осврнува кон истражувањата на Блаже Конески за македонскиот 19 век во функција на подеталното отсликување на неговата анализа на епитафот од Кирил Пејчиновиќ. Уште од своите почетни студии за 19 век, Конески активно ја промислува релацијата на јазикот и книжевноста. Илустрирајќи го развојот на литературниот јазик во 19 век преку динамичната размена меѓу народните говори и јазикот на книжнината (црковнословенската литература, пред сѐ), Конески успева да ја потврди историската оправданост на феноменот македонска култура кој е тогаш дефинтивно етаблиран во славистиката, со што обидите за нејзино дезавуирање се осветлуваат само како злонамерен политички чин. Анализата на епитафот на Пејчиновиќ Конески ја прави преку осврнување кон стихуваниот дел од текстот, со што елементите кои носат информации за неговото создавање одат во втор план. Тој го истражува специфичниот десетерец кој го применува Пејчиновиќ, како и римата која се среќава во него и која не е карактеристична за нашата народна песна, заклучувајќи дека „римуваниот десетерец сепак не е пронајдок на самиот Пејчиновиќ. Тој имал образец за него секако во некои српски текстови со религиозна содржина пишувани со таков стих.“ Овие согледувања ги дополнуваме со анализа на специфичната структура и поставеност на жанрот во поширокиот културен контекст. Во форма на дијалошко сопоставување на различните пристапи (генолошки, книжевноисториски, критички), заклучуваме дека истражувањето на македонскиот 19 век подразбира потреба од постојано преосмислување и надградување на наследените концепти и анализи, во функција на соодветното разбирање на природата и на значењето на тој исклучително важен период од развојот на македонската култура.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31526
ISBN: 978-9989-43-474-7
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Files in This Item:
File SizeFormat 
Искра Тасевска - Епитафот на Пејчиновиќ.docx41.07 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

39
checked on 3.5.2025

Download(s)

8
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.