Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31524
Title: | Вдоменоста како социокултурен феномен во поезијата на македонските автори од 19 век | Authors: | Tasevska Hadji Boshkova, Iskra | Keywords: | (не)вдоменост, македонска литература во 19 век, културна средина, идентитет, другост | Issue Date: | 2021 | Publisher: | Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ | Source: | Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Вдоменоста како социокултурен феномен во поезијата на македонските автори од 19 век. Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор), зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, одржана на 20 и 21 октомври 2020 година. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2021, 263-276. | Conference: | Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, одржана на 20 и 21 октомври 2020 година. | Abstract: | Анализирањето на поезијата на македонските автори од 19 век досега главно ги следи стереотипите кои се наследени од позитивистичкиот пристап кон делата. Сепак, дури и владејачкиот позитивизам донесе одредени придобивки во однос на исцртувањето на културолошките димензии на проблемот на вдоменоста во македонската литература од 19 век. Така, поезијата на Константин Миладинов се гледа како втемелувачка во однос на зародениот романтизам од половината на 19 век, означувајќи го пресвртот кој се случи во македонската културна средина, а кој може да се согледа најдиректно преку засилениот интимизам во поезијата. Нашето истражување на проблемот на вдоменоста се однесува, од една страна, на преобликувањето на творечките доминанти кај македонските автори од средината на 19 век, но и на начинот како се прекршуваат културните обрасци во нивното творештво. Тоа значи дека текстот ќе ги преиспитува етаблираните антитези во творештвото на К. Миладинов и Р. Жинзифов., кои фрлаат светлина врз начинот како доминантната културна парадигма (дискурс) се храни од неприпадноста на овие автори кон него, исфрлајќи ги (иако не секогаш и нужно) кон маргините. Сето тоа оддава впечаток за поставеноста на овие автори на меѓата, која доминантниот контекст сака да ја избрише со цел да ја потврди својата единственост или правилност, но која од друга страна не може да се поништи токму поради тоа што е поливалентна. Целта е да се истражат скриените значења во творечкиот дискурс на авторите кои се напојувале од тековите на соседните културни традиции, без да бидат конечно повлијаени од или интегрирани во нив. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31524 | ISBN: | 978-608-220-073-6 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова Вдоменоста како социокултурен феномен.docx | 57.24 kB | Microsoft Word XML | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.