Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31345
Наслов: Влијанието на националната култура во Меѓународниот бизнис
Authors: Каса-Јашари, Мимоза
Јанеска илиев, Александра 
Keywords: култура, вредности, влијание, меѓународен менаџмент, организација.
Issue Date: ное-2022
Publisher: Економскиот факултет во Скопје
Series/Report no.: том 57;
Abstract: Во рамките на истражувачките напори во меѓународниот менаџмент постои силен фокус на прашањата поврзани со културата. Како феномен зборот култура може да се однесува на тоа како одредени држави се разликуваат меѓу себе по културaта како поширок општествен контекст, а друго нешто што треба да се препознае е културата внатре во организацијата, а дополнително може да се дискутира за тоа како културата влијае врз функционирањето на една странска компанија. Можеби најпознатата дефиниција се однесува на тоа да се опише културата како „начинот на кој ги правиме работите овде“ (Shein,1980). Организациската култура се манифестира во типичните карактеристики на организацијата, со други зборови, организациската култура треба да биде одраз на прифатливиот начин на кој работите се прават или треба да се разберат проблемите во организацијата. Широко е прифатено дека организациската култура е дефинирана како длабоко вкоренети вредности и верувања кои се споделени од персоналот во една организација, односно претпоставки, верувања и норми кои ги поврзуваат членовите на организацијата кон остварување на нејзините цели (Shein, 1959). Hofstede (1980), дополнително ја истакнува пред сè комплексноста на културата која може исто да се дефинира како збир на вредности, но кои одвојуваат една група луѓе од друга (Hofstede,1980). Од голема важност е да се разбере на каков начин се поставени културните вредности на одредено место, поради тоа што општествената култура несомнено влијае врз вредностите на работното место. Mенаџерите често ја користат организациската култура за да ја диференцираат нивната компанија од другите компании (Weber, Tarba, 2012).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31345
Appears in Collections:Faculty of Economics 03: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File SizeFormat 
6.3 2022 Godishnik.pdf1.05 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

18
checked on 22.9.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.