Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28589
Наслов: Лингвостилистичката и документарната рамка на книгата „Варшава го исцртува Скопје“
Authors: Гордана Алексова
Keywords: лингвостилистика, македонски јазик, документарна проза, стилистика
Issue Date: 2023
Abstract: ЛИНГВОСТИЛИСТИЧКАТА И ДОКУМЕНТАРНАТА РАМКА НА КНИГАТА „ВАРШАВА ГО ИСЦРТУВА СКОПЈЕ“ [Кинга Нетман-Мултановска; (превод од полски јазик Филип Димевски). Скопје: Бегемот, 2023. – 480 стр.] АПСТРАКТ Тема на излагањето е јазичниот слој на оваа книга, со сета своја стилска раслоеност и со сето богатство што ќе ни даде за право да го издигнеме на ниво на хронотоп. Тој се манифестира на многу разни и убави начини во наратив што ги отсликува и ги следи времето и просторот низ фабулата распослана на „стотици километри – од Скопје до Варшава“ и само навидум во шеесет години, а, всушност, до некои сижејни точки од 1933 и од 1897 година. Другата компонента на научниот интерес на излагањето е документарната граѓа, исклучително раскошно, сообразно и функционално внесена во наративот. Книгата жанровски се поместува во т.н. литературна репортажа, или репортажна книжевност, или документарна проза, а тоа значи дека ѝ припаѓа на литературата на фактите или, на нефиктивната литература, која во наративноста оперира со автентични ликови и настани. И покрај тоа, текстот го поетизираат убави и бројни метафори, искористени како естетска алатка, а не во функција на градењето на приказната. Приказната поврзува два главни, макрохронотопи – Скопје и Варшава, за низ метафоричните води и во сижејните отстапувања од текот на нарацијата да се изродат уште многу странични, микрохронотопи. Поврзувањето на македонската и полската култура и историја се базира на траумата (културолошко повразување преку траума) како психолошка категорија и како концепт на колективната меморија. Целта на конкретниот наратив не е да ја литерализира колективната траума, туку фактите од неа и за неа да ги артикулира во приказна, да раскажува за неа де факто не како за траума, туку како за еден од најхуманите начини на поврзување на луѓето и на културите – солидарноста. Изворите на документарниот материјал го илустрираат интертекстуалниот слој на нарацијата. Функционалните стилови на јазикот пишуваат големи делови од нарацијата и реферираат на сообразните временски и просторни релации, издигнувајќи се и самите до степен на јазични хронотопи.
Опис: Наслов на реферат изнесен на научната конференција Вроцлавски македонистички средби - Јазик, Литература, Култура 26-27 октомври 2023
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28589
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Gordana Aleksova - Wroclaw Międzynarodowa Konferencja Naukowa, 26-27.10.2023.pptxПрезентација на научна конференција2.38 MBMicrosoft Powerpoint XMLView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

47
checked on 4.5.2025

Download(s)

10
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.