Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2817
Title: Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија
Authors: Цветаноска, Маријана
Keywords: БДП, земјоделство, продуктивност на трудот, Република Македонија
Issue Date: 2016
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Цветаноска, М. (2016). Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија. Годишник на Економски факултет - Скопје. Економски факултет-Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет - Скопје, 2016
Abstract: Продуктивноста на трудот има важна улога во формирањето на конкурентноста на одреден сектор или на целата економија и помага во создавањето на потребните услови за економски развој. Целта на овој труд е да се анализираат промените во нивото на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија во периодот од 2006 до 2015 година. Земјоделството игра клучна улога во развојот на националната економија во Македонија како трет најголем сектор по услугите и индустријата. Со цел да се зголеми продуктивноста на трудот во земјоделството, потребно е да се зголеми земјоделското производство, односно делот од бруто-домашниот производ создаден од секторот земјоделство. Во таа насока, во овој труд се анализира и зависноста помеѓу продуктивноста на трудот во земјоделството и бруто- домашниот производ и вработеноста во земјоделството. За таа цел, користени се следниве методи на анализа: дескриптивна статистика, метод на синтеза, метод на анализа, анализа на корелација и анализа на регресија. Резултатите покажуваат дека промените во бруто-домашниот производ во секторот земјоделство во Македонија во анализираниот период имаат поголемо влијание врз продуктивноста на трудот во земјоделството, споредено со промените во бројот на вработени во секторот земјоделство.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2817
ISSN: 0489-0922
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Годишник на Економски факултет - Скопје, 2016.pdf9.46 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

8
checked on Oct 19, 2019

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.