Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2816
Наслов: | ОБРАЗОВНАТА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ И ЗДРАВЈЕТО КАКО ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА | Authors: | Цветаноска, Маријана | Keywords: | вработеност, економски раст, здравје, образовна структура, Македонија | Issue Date: | 2018 | Publisher: | Економски факултет - Скопје | Source: | Цветаноска, М. (2018). Образовната структура на вработените и здравјето како детерминанти на човечкиот капитал во Македонија. Годишник на Економски факултет-Скопје. Економски факултет-Скопје | Journal: | Годишник на Економски факултет - Скопје, 2018 | Abstract: | Образованието игра централна улога во подготвувањето на луѓето да влезат на пазарот на трудот, нудејќи им можност да ги подобрат и зголемат нивните знаења, вештини и способности. Од друга страна, здравјето е клучна компонента на благосостојбата и стандардот на живеење на поединецот. Како детерминанти на човечкиот капитал кој е еден од факторите на производство, придонесуваат за решавање на клучни економски проблеми, особено во процесот на глобализација каде економиите се трансформраат и се базираат на знаењето. Порастот на количеството човечки капитал значи подобрување и зголемување на нивото на бруто домашниот производ. Целта на овој труд е да се прикаже образовната структура на вработените и да се оцени нејзиното влијанието и влијанието на здравјето врз економскиот раст во периодот од 2000 до 2016 година преку користење на економетриска анализа на временските серии на варијаблите. Исто така, накратко се прикажани и ефектите на образовната структура на вработените врз пазарот на труд преку дескриптивна статистика на заработките по час. Регресиона анализа проследена со испитување на стацинарноста на сериите, како и испитување на неопходните услови за избор на најдобар модел од достапните алтернативи, се користат за тестирање на ефектите од образовната структура на вработените и здравјето врз економскиот раст во Македонија. Резултатите покажуваат дека постои позитивна врска, односно дека образовните квалификации и очекуваниот век на живеење имаат позитивен ефект врз БДП per capita во Македонија. Сите варијабли се статистички значајни. Здравјето има позитивен ефект врз економскиот раст, меѓутоа високо-образовните квалификации имаат најголемо влијание врз економскиот раст во Македонија споредено со другите нивоа на образование. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2816 | ISSN: | 0489-0922 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Годишник на Економски факултет-Скопје 2018.pdf | 8.79 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
232
checked on 21.7.2025
Download(s)
199
checked on 21.7.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.