Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2675
Наслов: Мобилност на капиталот во ЕУ: права и ограничувања дефинирани според законодавството на ЕУ
Authors: Макревска дисоска, Елена 
Keywords: капитал
бариери за мобилност
Европска унија
Issue Date: 2018
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет-Скопје, том 53
Abstract: Слободното движење на капиталот во рамките на ЕУ било предвидено со Договорот од Рим, но, сепак, до средината на 90-те години од минатиот век, не постоело во практика кај голем број земји-членки. И покрај постигнатиот степен на мобилност на капиталот, пазарите на капитал се сè уште фрагментирани и недоволно развиени. Иако, пазарот на Европа има слична големина како пазарот на САД, капитализацијата на пазарот на хартии од вредност достигнува само половина од вредноста на онаа на пазарот на хартии од вредност во САД. Мобилноста на капиталот е поизразена во поглед на заемите и странските директни инвестиции. Поинтегрирани капитални пазари водат до зголемување на ефикасноста и ќе ѝ помогнат на ЕУ да го зголеми економскиот раст. Трудот ја анализира правната рамка во поглед на слободното движење на капитал во рамките на ЕУ, како и ограничувањата, дефинирани во законодавството на ЕУ. Целта е да се прикаже степенот на либерализација на капиталот во рамките на ЕУ, како и можностите за поголема интеграција на пазарите во Европа.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2675
ISSN: 0489-0922
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Прикажи целосна запис

Page view(s)

101
checked on 10.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.