Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21965
Title: Територија на согласност помеѓу современата и православната педагогија во однос на духовното образование
Other Titles: Годишен зборник, Книга 20
Authors: Aneta Jovkovska
Keywords: образование, духовност, духовен развој, позитивна и негативна духовност, вредности
Issue Date: 2015
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје
Source: Јовковска, А. „Територија на согласност помеѓу современата и православната педагогија во однос на духовното образование“, Годишен зборник, Книга 20, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Скопје, 2015, (219- 236).
Abstract: Духовното образование може да се разгледува како феномен кој ја определува смислата на животот на човекот во светот и ја открива и реализира човековата суштност. Методолошкиот инструментариум за истражување на духовното образование е застапен во концептуалните ставови на феноменолошкиот пристап, херменевтиката и егзистенцијализмот кои можат да бидат поврзани со теолошкиот пристап, а исто така и со принципот антиномичност - дијалогичност. Духовното образование како феномен, како појава и како дејност се проучува и во контекст на хуманитарната педагошка парадигма, каде што образованието е разбрано како „начин на живеење“, а главната цел е негувањето на „човековите квалитети“ – духовноста, што дозволува да се појави „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија во сферата на духовното образование. Идентификуваните значајни карактеристики на духовното образование претставуваат „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија. Тие можат условно да бидат поделени во четири групи: карактеристики кои го одразуваат односот на човекот кон вредностите; карактеристики кои ги откриваат особеностите на човековото постоење во културата; карактеристики поврзани со индивидуалниот свет на човекот и оние кои го карактеризираат односот на човекот кон Другиот. Заедно со значајните карактеристики на духовното образование постојат и карактеристики кои се специфични за разбирањето на духовното образование во православната педагогија. Можноста за нивно вклучување кон научно-педагошките знаења зависи од улогата која ја имаат во нивната религиозна компонента. Од оваа гледна точка, православната педагогија го разбира духовното образование како пат за спасение на душата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21965
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

58
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

12
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.