Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1393
Наслов: Светиот простор и светото време во теоријата за религијата на Мирча Елијаде
Other Titles: Sacred space and sacred time in Mircea Eliade’s theory of religion
Authors: Тодоровска, Марија 
Keywords: свето, простор, време, сместување, почеток, оска, центар
Issue Date: 2016
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тодоровска М., „Светиот простор и светото време во теоријата за религијата на Мирча Елијаде“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет 69, Скопје, 2016, 23-43.
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Abstract: Во текстот се прикажани категориите на просторот и на времето преку дихотомијата свето-профано и преку карактеристиките на верувањето на религиозниот човек во светото во теоријата на Мирча Елијаде. Светиот простор е поважен од профаниот, тој е хетероген, влегувањето во него подразбира влегување во подрачје со специфичен и супериорен онтолошки статус. Сместувањето во светот за примордијалниот и за современиот верник е преку ориентирање со помош на светото како центар, како оска (оттука и верувањата во „оската на светот“ и во симболиката на центарот), обезбедувач на безбедна средина, создавач на космос. Митовите како свети сказни раскажуваат за космогонијата, која подразбира топогонија, а со нивната светост и перформативни моќи имаат способност да ја реактуализираат состојбата на иницијалното излевање на светото, на дејствувањето на светите предци или божествата. Така, понатамошно сместување подразбира мимезис на иницијалното диференцирање и структурирање на елементите на светот. Реактуализирањето на космогонијата, покрај подражавање на топогонијата, подразбира и навраќање во светото време на Почетокот. Светото време е исто така нехомогено, и религиското повикување на светоста од „она време“ (како што го нарекува Елијаде) значи прекин на профаното траење и воведување на време кое не поминува, но кое има способност да ја обновува стварноста на верникот во култот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1393
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
04. 05. Svetiot prostor svetoto vreme vo teorijata na mirca elijade_Zbornik FZF.pdf535.64 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

76
checked on 29.3.2024

Download(s)

69
checked on 29.3.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.