Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1361
Наслов: Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)
Authors: Петрунова, Ива
Keywords: архитектура, град, општество, транзиција
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Петрунова, И. (2019). Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје). Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Градот е максимална концентрација на моќ и носител на целата човекова историја. Го отсликува човековиот однос кон времето, местото, природата и генерално животот. Претставува еволутивен механизам на човекот за зачувување на развојот, достигнувањата, историјата, културата и сл. Градот не е конечна форма, таа се темели на животните процеси на урбаниот развој, а обликот е секогаш дел од вкупната култура на една средина, настанат низ времето. Историските и социјалните секвенци ја одредуваат урбаната морфологија. Физичката структура на градот ја рефлектира идејата на социјалните, економските, природните, техничките и технолошките структури, таа е израз на урбаниот живот. Градот се развивал, бидејќи во него се верувало и се вложувало со генерации. Создаван е долгорочно од културни, социолошки и архитектонски размислувања и урбанистичко планирање означено со релативна константност и живост. Низ вековите градовите се развивале, според потребите на луѓето кои живееле таму. Сепак градот има основни препознатливи елементи кои го дефинираат: плоштад и улица, кои се развиваат низ времето и во голема мера го одредуваат просторот во градот. Со развојот на човештвото се развива и градот, па секој временски период носи одредени карактеристики. Сите историски, политички, научни, општествени случувања се огледуваат во просторот. Постмодернизмот повикува на навраќање кон историјата и преземање елементи од неа и нивно индивидуално реинтерпретирање. Не се води според никакви правила, бидејќи во минатато се докажало дека нема постојано правило: целиот свет и целата историја се релативни. Државите каде модернизмот бил посебно нагласен поради неговата идеолошка поврзаност со социјализмот и комунизмот, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, започнуваат процес на транзиција. Тоа е процес во кој општеството минува од еден систем на уредување во друг т.е. од социјалистички кон капиталистички. Оваа промена остава огромни промени врз градот и неговиот изглед. Социјалистичките градови со модерни блокови се отвораат за новата пазарна економија и глобализацијата, што придонесува до поинакви концепти на градење кои со себе носат сосема поинакви вредности. Скопје е град кој има турбулентна историја и во својот изглед содржи форми и слоеви од многу различни времиња и народи. Сите овие слоеви придонесуваат до неговата комплексност и раскошност. Во последниве дваесет години Скопје претрпува брзи и нагли промени кои се водени од транзицискиот период и поставувањето нови општествени вредности, со побрзиот начин на живот, новата технологија, глобализацијата и некои постмодерни струења. Ваквите услови овозможуваат специфична подлога за понатамошен развој на градот и се појавува криза на во културниот идентитет, архитектонските форми и вредности. Промените се случуваат многу брзо, но делови од централното градско јадро го одржуваат идентитетот на градот со својата структура и покрај промените кои и самите ги претрпуваат. Плоштадот Македонија претставува обележје на Скопје и го дефинира неговиот нуклеус. Тие секојдневно се адаптираат на новите времиња и новите животни стилови.
Опис: Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Илија Ацески.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1361
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
ipetrunova2019.pdf7.79 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

258
checked on 18.4.2024

Download(s)

1.433
checked on 18.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.