Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1361
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorПетрунова, Иваen_US
dc.date.accessioned2019-02-04T16:37:26Z-
dc.date.available2019-02-04T16:37:26Z-
dc.date.issued2019-
dc.identifier.citationПетрунова, И. (2019). Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје). Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.en_US
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/1361-
dc.descriptionДокторска дисертација одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Илија Ацески.en_US
dc.description.abstractГрадот е максимална концентрација на моќ и носител на целата човекова историја. Го отсликува човековиот однос кон времето, местото, природата и генерално животот. Претставува еволутивен механизам на човекот за зачувување на развојот, достигнувањата, историјата, културата и сл. Градот не е конечна форма, таа се темели на животните процеси на урбаниот развој, а обликот е секогаш дел од вкупната култура на една средина, настанат низ времето. Историските и социјалните секвенци ја одредуваат урбаната морфологија. Физичката структура на градот ја рефлектира идејата на социјалните, економските, природните, техничките и технолошките структури, таа е израз на урбаниот живот. Градот се развивал, бидејќи во него се верувало и се вложувало со генерации. Создаван е долгорочно од културни, социолошки и архитектонски размислувања и урбанистичко планирање означено со релативна константност и живост. Низ вековите градовите се развивале, според потребите на луѓето кои живееле таму. Сепак градот има основни препознатливи елементи кои го дефинираат: плоштад и улица, кои се развиваат низ времето и во голема мера го одредуваат просторот во градот. Со развојот на човештвото се развива и градот, па секој временски период носи одредени карактеристики. Сите историски, политички, научни, општествени случувања се огледуваат во просторот. Постмодернизмот повикува на навраќање кон историјата и преземање елементи од неа и нивно индивидуално реинтерпретирање. Не се води според никакви правила, бидејќи во минатато се докажало дека нема постојано правило: целиот свет и целата историја се релативни. Државите каде модернизмот бил посебно нагласен поради неговата идеолошка поврзаност со социјализмот и комунизмот, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, започнуваат процес на транзиција. Тоа е процес во кој општеството минува од еден систем на уредување во друг т.е. од социјалистички кон капиталистички. Оваа промена остава огромни промени врз градот и неговиот изглед. Социјалистичките градови со модерни блокови се отвораат за новата пазарна економија и глобализацијата, што придонесува до поинакви концепти на градење кои со себе носат сосема поинакви вредности. Скопје е град кој има турбулентна историја и во својот изглед содржи форми и слоеви од многу различни времиња и народи. Сите овие слоеви придонесуваат до неговата комплексност и раскошност. Во последниве дваесет години Скопје претрпува брзи и нагли промени кои се водени од транзицискиот период и поставувањето нови општествени вредности, со побрзиот начин на живот, новата технологија, глобализацијата и некои постмодерни струења. Ваквите услови овозможуваат специфична подлога за понатамошен развој на градот и се појавува криза на во културниот идентитет, архитектонските форми и вредности. Промените се случуваат многу брзо, но делови од централното градско јадро го одржуваат идентитетот на градот со својата структура и покрај промените кои и самите ги претрпуваат. Плоштадот Македонија претставува обележје на Скопје и го дефинира неговиот нуклеус. Тие секојдневно се адаптираат на новите времиња и новите животни стилови.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherФилозофски факултет, Скопјеen_US
dc.subjectархитектура, град, општество, транзицијаen_US
dc.titleГрадот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)en_US
dc.typeThesisen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
ipetrunova2019.pdf7.79 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи едноставен запис

Page view(s)

433
Last Week
2
Last month
checked on 20.7.2025

Download(s)

1.534
checked on 20.7.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.