Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)
Details

Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)

Date Issued
2019
Author(s)
Петрунова, Ива
Abstract
Градот е максимална концентрација на моќ и носител на целата човекова историја. Го отсликува човековиот однос кон времето, местото, природата и генерално животот. Претставува еволутивен механизам на човекот за зачувување на развојот, достигнувањата, историјата, културата и сл. Градот не е конечна форма, таа се темели на животните процеси на урбаниот развој, а обликот е секогаш дел од вкупната култура на една средина, настанат низ времето. Историските и социјалните секвенци ја одредуваат урбаната морфологија. Физичката структура на градот ја рефлектира идејата на социјалните, економските, природните, техничките и технолошките структури, таа е израз на урбаниот живот. Градот се развивал, бидејќи во него се верувало и се вложувало со генерации. Создаван е долгорочно од културни, социолошки и архитектонски размислувања и урбанистичко планирање означено со релативна константност и живост. Низ вековите градовите се развивале, според потребите на луѓето кои живееле таму. Сепак градот има основни препознатливи елементи кои го дефинираат: плоштад и улица, кои се развиваат низ времето и во голема мера го одредуваат просторот во градот.

Со развојот на човештвото се развива и градот, па секој временски период носи одредени карактеристики. Сите историски, политички, научни, општествени случувања се огледуваат во просторот. Постмодернизмот повикува на навраќање кон историјата и преземање елементи од неа и нивно индивидуално реинтерпретирање. Не се води според никакви правила, бидејќи во минатато се докажало дека нема постојано правило: целиот свет и целата историја се релативни. Државите каде модернизмот бил посебно нагласен поради неговата идеолошка поврзаност со социјализмот и комунизмот, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, започнуваат процес на транзиција. Тоа е процес во кој општеството минува од еден систем на уредување во друг т.е. од социјалистички кон капиталистички. Оваа промена остава огромни промени врз градот и неговиот изглед. Социјалистичките градови со модерни блокови се отвораат за новата пазарна економија и глобализацијата, што придонесува до поинакви концепти на градење кои со себе носат сосема поинакви вредности.

Скопје е град кој има турбулентна историја и во својот изглед содржи форми и слоеви од многу различни времиња и народи. Сите овие слоеви придонесуваат до неговата комплексност и раскошност. Во последниве дваесет години Скопје претрпува брзи и нагли промени кои се водени од транзицискиот период и поставувањето нови општествени вредности, со побрзиот начин на живот, новата технологија, глобализацијата и некои постмодерни струења. Ваквите услови овозможуваат специфична подлога за понатамошен развој на градот и се појавува криза на во културниот идентитет, архитектонските форми и вредности. Промените се случуваат многу брзо, но делови од централното градско јадро го одржуваат идентитетот на градот со својата структура и покрај промените кои и самите ги претрпуваат. Плоштадот Македонија претставува обележје на Скопје и го дефинира неговиот нуклеус. Тие секојдневно се адаптираат на новите времиња и новите животни стилови.
Subjects

архитектура, град, оп...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

ipetrunova2019.pdf

Size

7.61 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):e4106b1d12a6433755d3da105fe0354a

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify