Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1229
Наслов: Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа
Authors: Чичевска Јованова, Наташа 
Рашиќ Цаневска, Оливера 
Keywords: социјална инклузија, интеракција, семејство, наставници, врсници
Issue Date: 2015
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Чичевска-Јованова Н., Рашиќ-Цаневска О. (2015). Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа. Ревија за социјална политика. 8 (11/2): 509-522
Journal: Ревија за социјална политика
Abstract: Интегритетот на личноста на човекот е основа на неговиот општествен статус, па поради тоа без обѕир на развиеноста на општеството, поединецот води перманентна битка за негова афирмација и егзистенција. Битката на социјализација, процес на интеракција во која новиот член во општествената заедница усвојува знаења, вештини, навики, норми, вредности и други сознанија што се неопходни за успешно интегрирање во општествената група или во пошироката заедница е многу потешка и подолготрајна за лицата со различен степен и вид на инвалидност. Целта на нашето истражување беше да се утврдат взаемните односи во семејството како и во средината, со врсниците, наставниците и некои лични особини како: дружељубивост, доминантност и љубопитност на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа. Применувајќи ги каузалниот и методот на дескриптивна анализа, техниката на тестирање и тестот на Рене Жил за испитување на социјални и семејни односи, беа собрани податоците од примерок составен од 12 деца со церебрална парализа на возраст од 5 до 20 години и 28 деца со лесна интелекутална попреченост на возраст од 7 до 20 години. Податоците беа табелирани и статистички обработени со примена на хи- квадрат тестот. Анализата на резултатите посочи дека двете групи на испитаници на помала возраст се повеќе приврзани за мајката, но во подоцнежниот период преовладува поврзаноста на момчињата со таткото и копирањето како модел, од останатите групи се забележува поголема приврзаност кон наставникот. Разлика помеѓу групите се забележува во дистанцираноста и адекватното социјално однесување, кај момчињата со интелектуална попреченост и девојчињата со церебрална парализа се забележува поголема дистанцираност и адекватно социјално однесување. Можеме да заклучиме дека двете групи не се приспособени во целост кон луѓето и средината која ги опкружува.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1229
ISSN: 1857-6052
DOI: UDK:364-25-056.34-053.2
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
социјална инклузија.pdf1.4 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

180
checked on 22.4.2024

Download(s)

39
checked on 22.4.2024

Google ScholarTM

Проверете

Altmetric


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.