Institute of Economics

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/27

Browse

Search Results

Now showing 1 - 3 of 3
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Демографските промени во Република Северна Македонија со фокус на Пописот на населението од 2021 година - причини, последици и импликации
    (Економски институт-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2024-08)
    Лозаноска, Александра
    ;
    Јанеска, Верица
    Во рамки на ова истражување беа утврдени манифестираните промени во особеностите на населението и домаќинствата во последните две децении – вкупно и на ниво на региони/општини, врз основа на сеопфатна анализа на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите од 2021 година и нивно сопоставување со податоците од Пописот од 2002 година. Исто така, беше согледана условеноста на демографските промени во земјата, преку сеопфатна анализа на компонентите на природното движење на резидентното население, потоа внатрешните и надворешните миграции, како и нивната заемна обусловеност и влијание врз постојните демографски состојби во Република Северна Македонија, на ниво на земјата, во одделни региони и општини. Особено значаен сегмент е идентификувањето на последиците од демографските промени врз идниот развој на населението и расположливите човечки ресурси, како еден од клучните фактори на развојот, потоа од интензивното демографско стареење и порастот на старечкиот контингент, како импликациите во областите на социо-економскиот развој на земјата, кои директно и/или индиректно се погодени од постојните демографски состојби и очекуваните промени во наредните децении.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Вештини на вработените за конкурентност на мали и средни претпријатија
    (Економски институт-Скопје, 2020)
    Пиперкова, Ирина
    ;
    Лозаноска, Александра
    Оваа книга е резултат на научен проект реализиран во рамки на Економскиот институт-Скопје. Таа се базира на истражување на теоретски и емпириски аспекти за потребата од соодветни знаења, вештини и способности на вработените за постигнување на конкурентност и одржливост на фирмите. Врз основа на досегашните научни истражувања се идентификуваат неопходните компетенции кои вработените треба да ги поседуваат во современите услови на работење. Емпириското истражување, пак, овозможува да се идентификуваат постојните вештини и знаења со кои располагаат вработените во МСП во Република Северна Македонија, како и условите кои фирмите ги создаваат за ефикасна примена на знаењата и вештините. Книгава е објавена во исклучително тешко време кое ќе остане запаметено во современото живеење. Во услови кога економската активност е скоро целосно запрена, а потенцијалните последици за стопанството се големи, брзината со која фирмите ќе ја надминат оваа криза и способноста за брзо опоравување и враќање на пазарните позиции, ќе зависи меѓу другото и од човечкиот капитал со кој располагаат фирмите, неговиот придонес во реализирање на краткорочните и долгорочните цели, како и од неговата способност за зголемена продуктивност и капацитет за иновации.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид -19 пандемијата
    (Економски институт-Скопје, 2023)
    Џамбаска, Елизабета
    ;
    Лозаноска, Александра
    Целта на истражувањето во оваа Монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила. Со оглед на тоа дека во анализата е вклучен и периодот пред промената на уставното име на земјата, во соодветните делови се користи името Република Македонија. Анализата се однесува на макроекономските услови пред и за време на пандемијата во Република Северна Македонија, со фокус на економскиот раст и развој и пазарот на труд. Постојните статистички податоци, на годишно и квартално ниво, покажуваат значајни промени и намалувања на макроекономските индикатори како резултат на пандемијата. Намалената економска активност во Република Северна Македонија, продуцирана од значителното намалување на домашната и надворешната побарувачка во време на пандемијата, најмногу ги погоди: производствениот сектор, туризмот, трговијата и недвижностите, како и менаџирањето во овие сектори. Истовремено, таа наметна огромни предизвици за креаторите на политиките. Сите овие промени во голема мера влијаеја и на перцепциите и ставовите на вработените за тоа како Ковид-19 пандемијата се одрази врз животниот стандард, работата, продуктивноста и економијата. За таа цел беше спроведено анкетно истражување преку online анкета за да се добијат мислењата и ставовите на вработените во Република Северна Македонија за последиците од пандемијата во претходно наведените области. Резултатите од анализата на добиените одговори на анкетниот прашалник се ставени во контекст на теоретските сознанија и досегашните истражувања, а во насока на идентификување на можни начини за надминување на настанатите проблеми и последици од Ковид-19 кризата. Истите се анализирани и се презентирани во третиот дел на трудов.