Вештини на вработените за конкурентност на мали и средни претпријатија
Date Issued
2020
Author(s)
Пиперкова, Ирина
Лозаноска, Александра
DOI
ISBN 978-608-4519-21-8
Abstract
Оваа книга е резултат на научен проект реализиран во рамки на Економскиот институт-Скопје. Таа се базира на истражување на теоретски и емпириски аспекти за потребата од соодветни знаења, вештини и способности на вработените за постигнување на конкурентност и одржливост на фирмите. Врз основа на досегашните научни истражувања се идентификуваат неопходните компетенции кои вработените треба да ги поседуваат во современите услови на работење. Емпириското истражување, пак, овозможува да се идентификуваат постојните вештини и знаења со кои располагаат вработените во МСП во Република Северна Македонија, како и условите кои фирмите ги создаваат за ефикасна примена на знаењата и вештините.
Книгава е објавена во исклучително тешко време кое ќе остане запаметено во современото живеење. Во услови кога економската активност е скоро целосно запрена, а потенцијалните последици за стопанството се големи, брзината со која фирмите ќе ја надминат оваа криза и способноста за брзо опоравување и враќање на пазарните позиции, ќе зависи меѓу другото и од човечкиот капитал со кој располагаат фирмите, неговиот придонес во реализирање на краткорочните и долгорочните цели, како и од неговата способност за зголемена продуктивност и капацитет за иновации.