Institute of Economics
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/27
Browse
8 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, IMPACT OF BUSINESS MACRO ENVIRONMENT ON THE SMALL BUSINESS MANAGEMENT IN THE REPUBLIC OF SERBIA AND THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA(2024-10-10)Fljutra JahiuBased on the theory of small businesses and their practices, as well as the fact that the primary role in their operation is played by the management function, it is concluded that the key to the success or failure of small businesses is their management. However, small businesses management style is impacted not just by the manager/owner and the enterprise's resources, but also by macro-environmental factors, particularly those at the national level, that either have a direct or indirect impact on these businesses and their managers/owners. Based on the preceding premise, the focus of this research is on the management of small businesses in two neighboring countries: Republic of Serbia and Republic of North Macedonia, i.e. its specific characteristics arising under the influence of national macro-enviromnetal factors. Specifically, the dissertation aims to reveal the characteristics of management within small businesses in both countries differentiated under the influence of the national macro-environment. The research methodology includes PEST analysis of the national external factors, as well as empirical research of managers/owners of small businesses as an internal factor, with the aim of deriving a management model specific to the national environment in which they operate. A comparative analysis of the findings from the applied research procedures has also been conducted to verify that although we are dealing with the same domain - management of small businesses, national specifics, both in relation to macro-environmental factors and in relation to small business management, have their own influence on the process. The results of this research will help to improve managerial practices in existing small businesses and serve as guidelines for prospective managers in successful businesses. In terms of policymaking, research results may persuade the governments of both countries to provide more effective support for small businesses. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Демографските промени во Република Северна Македонија со фокус на Пописот на населението од 2021 година - причини, последици и импликации(Економски институт-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2024-08) ;Лозаноска, АлександраЈанеска, ВерицаВо рамки на ова истражување беа утврдени манифестираните промени во особеностите на населението и домаќинствата во последните две децении – вкупно и на ниво на региони/општини, врз основа на сеопфатна анализа на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите од 2021 година и нивно сопоставување со податоците од Пописот од 2002 година. Исто така, беше согледана условеноста на демографските промени во земјата, преку сеопфатна анализа на компонентите на природното движење на резидентното население, потоа внатрешните и надворешните миграции, како и нивната заемна обусловеност и влијание врз постојните демографски состојби во Република Северна Македонија, на ниво на земјата, во одделни региони и општини. Особено значаен сегмент е идентификувањето на последиците од демографските промени врз идниот развој на населението и расположливите човечки ресурси, како еден од клучните фактори на развојот, потоа од интензивното демографско стареење и порастот на старечкиот контингент, како импликациите во областите на социо-економскиот развој на земјата, кои директно и/или индиректно се погодени од постојните демографски состојби и очекуваните промени во наредните децении. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата(Економски институт – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2022)Владимир Петковски, Искра Станчева-ГиговВо последните децении сведоци сме на промените за тоа како треба да се мери квалитетот на животот на населението во една земја. Мерењата за квалитетот на животот не можат да бидат само канонски приказ на економскиот развој на државите и населението во нив. Тие, всушност треба да ја опфатат севкупноста на животот, поточно објективната и субјективната перцепција на поединецот за квалитетот на живот. Економската мерка на БДП за мерење на квалитетот на животот не може да ги задоволи димензиите и ширината на поимот на квалитет на живот, па поради тоа се преминува кон посеопсежен опфат на индикатори, кога станува збор за мерење на квалитетот на животот на граѓаните на една земја. Огромните разлики помеѓу богатството на државите и благосостојбата на нивните граѓани, големата сегрегација во социјалниот и општествениот живот на луѓето, како и создавањето поголем јаз во приходите помеѓу богатите и сиромашните, ја наметнува потребата за користење на повеќе од само економско-финансиски показатели за дескрипција на квалитетот на живот. Квалитетот на животот е широк концепт кој опфаќа низа различни димензии и дополнително е потребно да се рефлектираат и перцепциите на поединците, односно нивната сопствена проценка на различните аспекти на животот и целокупниот квалитет на живот. Овој тип на податоци може да се добијат само преку примарно истражување. Оттука, произлегува и предметот на истражување на овој проект, поточно согледување на квалитетот на живот во Република Северна Македонија, преку индикаторите за квалитет на живот, со посебен осврт кон животот за време на пандемијата предизвикана од вирусот Covid-19. Конкретно, целта на проектот е да се идентификуваат постојните состојби на повеќе индикатори за квалитет на живот кои ја отсликуваат состојбата во Република Северна Македонија. Оваа монографија дава подетална слика за квалитетот на животот на населението во Република Северна Македонија преку следниве 8 + 1 димензии, како главна рамка за мерење на благосостојбата и квалитетот на живот на населението, утврдени од Еуростат и тоа: Материјални услови за живот; Продуктивна или главна активност; Здравје; Образование; Слободно време; Економска безбедност и физичка безбедност; Владеење и основни права; Природна и животна средина и Севкупно искуство за животот. Последната димензија воедно предвидува и примарно истражување за обезбедување на релевантни податоци за споредба и анализа на квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија, а со тоа и давање на насоки и можности за негово подобрување . Добиените резултати покажуваат помала перцепција, како субјективна, така и објективна за квалитетот на живот во државата. Република Северна Македонија заостанува зад квалитетот на живот во другите европски земји. Во одредени индикатори разликите во квалитетот на живот и не се така воочливи, но во повеќето се значително полоши. Општо земено, перцепциите на поединците, односно нивната сопствена проценка за различните аспекти на животот и севкупниот квалитет на животот се оценуваат на просечно и често на под просечно ниво. Со појавата на пандемијата, се јавува тенденција за нивно натамошно влошување или евентуално одржување на исто ниво. Областите каде што состојбата се подобрува се ретки, односно непостоечки. Сето ова укажува на потребата од социо-економски промени и воведување на конкретни мерки за подобрување на околностите и севкупните услови за живот на населението. Оттука, во иднина ќе мора да се посвети повеќе внимание на создавање на поквалитетен живот за населението во државата, доколку сакаме да имаме здрав и прогресивен развој во годините кои следат. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот(Економски институт – Скопје, 2022) ;Александра ЛозаноскаЕлизабета ЏамбаскаИндикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот(Економски институт-Скопје, 2022) ;Лозаноска, АлександраЏамбаска, ЕлизабетаИндикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Вештини на вработените за конкурентност на мали и средни претпријатија(Економски институт-Скопје, 2020) ;Пиперкова, ИринаЛозаноска, АлександраОваа книга е резултат на научен проект реализиран во рамки на Економскиот институт-Скопје. Таа се базира на истражување на теоретски и емпириски аспекти за потребата од соодветни знаења, вештини и способности на вработените за постигнување на конкурентност и одржливост на фирмите. Врз основа на досегашните научни истражувања се идентификуваат неопходните компетенции кои вработените треба да ги поседуваат во современите услови на работење. Емпириското истражување, пак, овозможува да се идентификуваат постојните вештини и знаења со кои располагаат вработените во МСП во Република Северна Македонија, како и условите кои фирмите ги создаваат за ефикасна примена на знаењата и вештините. Книгава е објавена во исклучително тешко време кое ќе остане запаметено во современото живеење. Во услови кога економската активност е скоро целосно запрена, а потенцијалните последици за стопанството се големи, брзината со која фирмите ќе ја надминат оваа криза и способноста за брзо опоравување и враќање на пазарните позиции, ќе зависи меѓу другото и од човечкиот капитал со кој располагаат фирмите, неговиот придонес во реализирање на краткорочните и долгорочните цели, како и од неговата способност за зголемена продуктивност и капацитет за иновации. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид -19 пандемијата(Економски институт-Скопје, 2023) ;Џамбаска, ЕлизабетаЛозаноска, АлександраЦелта на истражувањето во оваа Монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила. Со оглед на тоа дека во анализата е вклучен и периодот пред промената на уставното име на земјата, во соодветните делови се користи името Република Македонија. Анализата се однесува на макроекономските услови пред и за време на пандемијата во Република Северна Македонија, со фокус на економскиот раст и развој и пазарот на труд. Постојните статистички податоци, на годишно и квартално ниво, покажуваат значајни промени и намалувања на макроекономските индикатори како резултат на пандемијата. Намалената економска активност во Република Северна Македонија, продуцирана од значителното намалување на домашната и надворешната побарувачка во време на пандемијата, најмногу ги погоди: производствениот сектор, туризмот, трговијата и недвижностите, како и менаџирањето во овие сектори. Истовремено, таа наметна огромни предизвици за креаторите на политиките. Сите овие промени во голема мера влијаеја и на перцепциите и ставовите на вработените за тоа како Ковид-19 пандемијата се одрази врз животниот стандард, работата, продуктивноста и економијата. За таа цел беше спроведено анкетно истражување преку online анкета за да се добијат мислењата и ставовите на вработените во Република Северна Македонија за последиците од пандемијата во претходно наведените области. Резултатите од анализата на добиените одговори на анкетниот прашалник се ставени во контекст на теоретските сознанија и досегашните истражувања, а во насока на идентификување на можни начини за надминување на настанатите проблеми и последици од Ковид-19 кризата. Истите се анализирани и се презентирани во третиот дел на трудов. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид - 19 пандемијата(Економски институт – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2023-03) ;Елизабета ЏамбаскаАлександра ЛозаноскаМонографијата насловена „Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата” претставува сублимиран приказ на состојбите во економијата на Република Северна Македонија, со фокус на економскиот развој и пазарот на работна сила, пред и за време на Ковид-19 кризата. Целта на истражувањето во оваа монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила, како и врз продуктивноста и квалитетот на живот. Во рамки на монографијата се анализираат и резултатите од анкетното истражување, спроведено за да се осознаат перцепциите и ставовите на вработените за последиците и промените на нивните работни места и во секојдневното живеење предизвикани од здравствената криза.
